Пожар вечерва избувнал во подземниот паркинг на КАМ мол во скопската населба Ѓорче Петров, по што биле евакуирани сите посетители на трговскиот центар, дознава Вечер.пресс.
Според очевидци, со асистенција на полицијата, возилата едно по едно го напуштаат паркингот. На нив се забележуваат траги од чад, а чад излегува и од вентилацискиот систем на објектот.
На местото се присутни полициски екипи и пожарникари, а пред молот се собрани голем број граѓани.
Засега нема официјални информации за причините за избувнувањето на пожарот, ниту за тоа дали има повредени лица.

