Без електрична енергија останаа зградата на Ректоратот и повеќе факултети при УКИМ поради насобрани и неплатени долгови за струја.
Како што објави „Скопје1“, мерката за исклучување утринава ги погодила Машинскиот, Електротехничкиот, Природно-математичкиот и Земјоделскиот факултет.
Нарушеното снабдување доаѓа како резултат на вкупен долг од околу половина милион евра кон снабдувачот со електрична енергија, каде што најголемиот товар на долговите отпаѓа токму на факултетите.
Иако засега е неизвесно кога овие високообразовни институции повторно ќе добијат струја, надлежните предупредуваат дека во текот на наредните денови можни се нови исклучувања кои би ги зафатиле и некои културни установи, како и „Пошта“.

