Сериозен инцидент се случил на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, каде што на новороденче старо само два дена му бил пресечен дел од палецот за време на обид за отстранување на инфузија.
Настанот се одиграл на 16 ноември. Според информациите, додека медицинскиот персонал се обидувал да ја отстрани инфузијата, која била фиксирана со леплива лента и завој, со употреба на ножици нечасовно бил зафатен и исечен дел од прстот на бебето.
Веднаш по повредата бил повикан детски хирург, а новороденчето било итно префрлено на Клиниката за детска хирургија, каде што му била извршена оперативна зафат.
Од ГАК го потврдија инцидентот и информираа дека случајот е евидентиран и пријавен како несакан настан, а веќе бил разгледан и од Комисијата за квалитет. За случајот е закажан состанок на Дисциплинската комисија која треба да ги утврди околностите и евентуалната индивидуална одговорност.
Од Клиниката порачаа дека нема да има толеранција за утврдени пропусти и дека, доколку се утврди одговорност, ќе бидат преземени најстроги мерки согласно законските прописи.

