ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДС ја иницирала надзорната расправа за „Алта банка“, но откако во јавноста се појавиле информации за продажбата на акциите на банката, опозициската партија не го закажува продолжението на расправата.
Од владејачката партија велат дека СДС и лидерот Венко Филипче биле гласни во критиките за „Алта банка“, сè додека не се отворило прашањето за продажбата на државните акции во 2023 година.
ВМРО-ДПМНЕ прашува зошто тогашната власт не ги информирала граѓаните за продажбата на акциите и зошто, како што наведуваат, Филипче и СДС сега молчат за ова прашање.
Од партијата отвораат и прашање дали причината за одложувањето на продолжението на надзорната расправа е стравот од објавување дополнителни информации поврзани со случајот.
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека критиките на СДС за „Алта банка“ имаат и политичка и бизнис-позадина, а обвинувањата ги поврзува со лица блиски до СДС, Филипче и семејството Заеви.
Од партијата дополнително го обвинуваат Филипче дека избегнува соочување со фактите и дека критиките за банката ги користи за политички цели.
„Архитекти и главни произведувачи на српскиот свет во Македонија се Венко Филипче и СДС“, се наведува во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

