Повеќе локации во Скопје и околината денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во снабдувањето, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), повикувајќи се на известување од ЕВН.
Без струја во периодот од 08:00 до 15:00 часот ќе бидат корисниците на улицата „Петровец“ во општина Петровец.
Во општина Гази Баба, прекин на електричната енергија од 08:30 до 13:30 часот ќе има на дел од улицата „Методиј Андонов Ченто“ и кај „Делта Пром“.
Во општина Аеродром, од 08:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата „Коста Новаковиќ“, од ЗУР Маркет до крајот на слепата улица.
Во општина Центар, прекини се најавени на неколку локации. Од 09:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците на улицата „11 Октомври“ бр. 46.
Во истиот период, од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе биде и селото Пакошево во општина Зелениково.
Дополнително, од 11:00 до 12:00 часот прекин ќе има на улицата „Франклин Рузвелт“ бр. 50, 52, 62 и 68, како и во деловните објекти на оваа локација. Без струја ќе останат и дел од корисниците на улицата „Орце Николов“ бр. 147А, 147Б и 149, како и дел од улицата „Благој Давков“ во општина Центар, соопштуваат од ЦУК.

