Close Menu
Press24
    Најново

    Опозициски прашања по прекинот минатата недела – Гаши откри што договориле со опозицијата

    18.11.2026 во 08:09

    Следат многу пресврти со времето – УХМР со најава за следните денови

    18.11.2026 во 08:01

    Пронајдени кокаин, нож и пари, приведен скопјанец

    17.11.2026 во 23:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Опозициски прашања по прекинот минатата недела – Гаши откри што договориле со опозицијата
    • Следат многу пресврти со времето – УХМР со најава за следните денови
    • Пронајдени кокаин, нож и пари, приведен скопјанец
    • Џејмс Блант го исполни ветувањето: Официјално го промени името во Рајан Ер
    • Доли Партон постхумно доби три номинации за наградите Греми
    • САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на руска територија се контрапродуктивни
    • Мицкоски од Брисел: Продолжуваме со активен дијалог, посветеност на реформите и застапување на државните интереси
    • Ѓорѓиевски: Забрзано се работи на првата подземна сообраќајница во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Опозициски прашања по прекинот минатата недела – Гаши откри што договориле со опозицијата

    Опозициски прашања по прекинот минатата недела – Гаши откри што договориле со опозицијата

    18.11.2026 во 08:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собранието денеска ќе продолжи со 130. седница, на која на дневен ред се опозициските пратенички прашања. Тие беа прекинати на 12 ноември, по барањата за пауза од страна на пратениците од опозицијата.

    Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на брифингот со новинарите во понеделникот се осврна на дилемите околу прекинот на седницата, посочувајќи дека имало различни толкувања на собранискиот Деловник во однос на тоа дали паузите треба да се пресметуваат во предвидените два часа за поставување пратенички прашања.

    Гаши објасни дека постојат одредби во Деловникот кои упатуваат на различни толкувања, но и дека досегашната практика била пратеничките прашања да се одржуваат во периодот од 11 до 13:30, односно 14 часот.

    Тој посочи дека, по различните ставови на опозицијата и мнозинството, бил постигнат неформален договор паузите во иднина да не се пресметуваат во предвидените два часа, но и пратениците да внимаваат со барањата за прекин на седницата за да не го скратат времето за поставување прашања.

    „Се договоривме така некако џентлменски да внимаваме во иднина. Ако има пауза, ќе гледаме во иднина да не се смета тоа во тие два часа“, рече Гаши.

    Покрај опозициските пратенички прашања, на дневен ред на 130. седница се и повеќе законски и други предлог-акти.

    Меѓу нив е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, во второ читање, како и предлог-одлуки за измени во составот на собраниските комисии и делегациите во Парламентарното собрание на Советот на Европа и Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива.

    Пратениците ќе расправаат и за избор на членови на Советот за граѓански надзор, именување член на Регулаторната комисија за енергетика, како и за финансискиот план на оваа комисија за 2027 година.

    На дневен ред се и предлог-резолуцијата за миграциската политика на Република Северна Македонија за периодот 2026-2030 година, со Акциски план, како и одлуката за утврдување на процентот од вкупниот годишен приход за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за 2027 година.

    Во рамки на седницата се предвидени и повеќе предлог-закони по скратена постапка, меѓу кои измените на Законот за градење и Законот за рибарство и аквакултура.

    Пред пратениците се и предлогот за автентично толкување на член 23 од Законот за урбанистичко планирање, како и барањето за автентично толкување на член 17 од Законот за пожарникарство, во врска со Законот за безбедност и здравје при работа, поднесено од пратеничката Славјанка Петровска.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Следат многу пресврти со времето – УХМР со најава за следните денови

    18.11.2026 во 08:01

    Пронајдени кокаин, нож и пари, приведен скопјанец

    17.11.2026 во 23:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.