Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер, кој наместа во западните делови повремено ќе достигнува брзина од над 80 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Минималните температури ќе се движат од 4 до 11 степени, додека максималните ќе достигнат од 17 до 21 степен.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот постојат услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Во наредните денови ќе продолжи променливото облачно време, со повремени локални врнежи од дожд со различен интензитет.
Под влијание на јужно воздушно струење, до петок времето ќе биде релативно топло, со температури над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, кој наместа во западните делови повремено ќе достигнува брзина над 80 километри на час.
Од сабота се очекува постепено опаѓање на температурите.

