Close Menu
Press24
    Најново

    САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на руска територија се контрапродуктивни

    17.11.2026 во 22:35

    Мицкоски од Брисел: Продолжуваме со активен дијалог, посветеност на реформите и застапување на државните интереси

    17.11.2026 во 22:13

    Ѓорѓиевски: Забрзано се работи на првата подземна сообраќајница во Скопје

    17.11.2026 во 21:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на руска територија се контрапродуктивни
    • Мицкоски од Брисел: Продолжуваме со активен дијалог, посветеност на реформите и застапување на државните интереси
    • Ѓорѓиевски: Забрзано се работи на првата подземна сообраќајница во Скопје
    • Малолетник нападнат во Аеродром
    • Ѓорѓиевски: Скопје ги консолидира финансиите, реализира капитални проекти и ја зајакнува инфраструктурата
    • Со пиштол ѝ се заканувал на сопругата бидејќи поднела документи за развод
    • Захарова: Француските војници во Украина ќе бидат легитимна цел на руската армија
    • Три клиники добија нови директори
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на руска територија се контрапродуктивни

    САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на руска територија се контрапродуктивни

    17.11.2026 во 22:353 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пентагон денеска ги замоли западните земји кои ја поддржуваат Украина да ја фокусираат воената поддршка на опремата што се користи во борбите на фронтот и предупреди дека нападите на Киев длабоко на руска територија се контрапродуктивни.

    Напредните капацитети за производство на беспилотни летала на Украина, развиени откако рускиот претседател Владимир Путин ја започна инвазијата во 2022 година, ѝ овозможија да ги гаѓа нафтените постројки и други инсталации низ Русија.

    Американскиот претседател, Доналд Трамп, побара Украина да ги прекине нападите врз руските рафинерии за нафта и инфраструктурата што се користи за производство и дистрибуција на дизел, велејќи дека ваквите напади предизвикуваат глобален недостиг.

    Во седиштето на НАТО во Брисел, заменик-министер за одбрана на САД, Елбриџ Колби, денеска изјави дека нападите длабоко на руска територија не биле ефикасни во ставањето крај на војната, ниту пак придонеле за ограничување на рускиот напредок на фронтот.

    Тој рече дека „ваквите напади, особено оние што се насочени кон цивилната инфраструктура, како што е компанијата „Валдберис“, веројатно дополнително ќе ја зајакнат решителноста на Русија и подготвеноста на Кремљ за ескалација“.

    Претходно годинава, украинските вооружени сили постојано го напаѓаа „Валдберис“, најголемиот онлајн малопродажен синџир во Русија, што е споредуван со Амазон поради неговата големина.

    Украина тврди дека стоката што ја продава компанијата вклучува опрема и технички компоненти што ги користи руската војска, што „Валдберис“ го негира. Нападите ги вознемирија Русите што живеат далеку од линијата на фронтот и ги оштетија малите бизниси.

    Зборувајќи на состанокот на Контактната група за одбрана на Украина, која се состанува за координирање на донациите за воена помош, Колби рече дека украинската војска е „многу ефикасна“ кога се фокусира на борбите на линијата на фронтот, користејќи беспилотни летала за да го забави рускиот напредок и да ги погоди нивните линии на снабдување.

    Колби рече дека верува оти најефикасниот начин да се зајакне одбраната на Украина и со тоа да се постави основата за завршување на војната е да се фокусира поддршката на линијата на фронтот и поврзаните напади со среден дострел.

    Американскиот функционер одби да коментира за ограничувањата за користење на сателитскиот комуникациски систем „Старшилд“ од страна на Украина и како тој ја попречува способноста на Украина да пресретнува руски беспилотни летала.

    Но, рече дека објаснил оти САД се многу фокусирани на поддршка на способноста на Украина да се одбрани, да спроведува напади со среден дострел и да презема чекори во согласност со таа политика.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано предупредува дека ограничувањата на брзината на „Старшилд“, управуван од компанијата на Илона Маск, доведуваат до губење на животи и би можеле да ја ослабнат одбраната околу енергетската инфраструктура на Украина пред зимата.

    Прочитај повеќе

    Захарова: Француските војници во Украина ќе бидат легитимна цел на руската армија

    17.11.2026 во 20:12

    Затворен Кримскиот мост по украински ракетен напад со „Фламинго“ – пријавени се сериозни оштетувања

    17.11.2026 во 18:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.