Close Menu
Press24
    Најново

    Министерот Ферати оствари средба со студентите на Правниот факултет при ЈИЕУ

    17.11.2026 во 19:08

    Минчев на министерски состанок на ReSPA: Регионалното партнерство во функција на европските стандарди и подобри јавни услови

    17.11.2026 во 19:01

    Приведени возачи кои возеле без дозвола, меѓу нив и малолетници

    17.11.2026 во 18:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Министерот Ферати оствари средба со студентите на Правниот факултет при ЈИЕУ
    • Минчев на министерски состанок на ReSPA: Регионалното партнерство во функција на европските стандарди и подобри јавни услови
    • Приведени возачи кои возеле без дозвола, меѓу нив и малолетници
    • Студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ ќе биде пуштен во функција од следниот семестар
    • Затворен Кримскиот мост по украински ракетен напад со „Фламинго“ – пријавени се сериозни оштетувања
    • Ангелов ја поздрави акцијата на МВР: Граѓанин ми се пожали дека му барале 500 евра, го упатив да пријави
    • Седумнаесет загинати во пад на руски воен транспортен авион во Сибир
    • „Децата врескаа, настана целосен хаос“: Учениците оделе во кино кога се случила несреќата со ескалаторот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Министерот Ферати оствари средба со студентите на Правниот факултет при ЈИЕУ

    Министерот Ферати оствари средба со студентите на Правниот факултет при ЈИЕУ

    17.11.2026 во 19:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, денеска прими група студенти од Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕУ), со кои разговараше за потребите и предизвиците на младите, како и за можностите за нивно поактивно вклучување во процесите на донесување одлуки и во општествениот живот.

    За време на средбата, министерот Ферати ги презентираше заложбите и приоритетите на Министерството во насока на унапредување на правичната застапеност и инклузивноста, нагласувајќи дека гласот на младите треба да биде дел од процесите во кои се креираат политиките и се носат одлуките што влијаат врз нивната иднина.

    Тој ја изрази својата подготвеност одблиску да ги сослуша барањата и предлозите на студентите, како и да придонесе во изнаоѓањето конкретни решенија за прашањата што ги засегаат. Во овој контекст, беше истакната важноста на континуираниот дијалог и институционалната соработка.

    Министерот истакна дека, покрај досегашните постигнувања, заеднички предизвик останува создавањето еднакви можности, унапредувањето на квалитетот на образованието и изградбата на општество во кое младите ќе имаат простор и реални можности да придонесуваат.

    Министерот Ферати ги охрабри студентите да продолжат посветено со студиите и да инвестираат во сопствениот професионален развој, подготвувајќи се за предизвиците на пазарот на трудот и за одговорностите што ги очекуваат во правните професии, како правници, адвокати, нотари, извршители, јавни обвинители и судии.

    Едно од прашањата што ги покренаа студентите беше и правосудниот испит. Министерот Ферати истакна дека нивните барања заслужуваат сериозен и конструктивен пристап, притоа уверувајќи дека ќе се заложи за дијалог и соработка со надлежните институции, со цел разгледување на можностите за нивно соодветно решавање.

    Прочитај повеќе

    Минчев на министерски состанок на ReSPA: Регионалното партнерство во функција на европските стандарди и подобри јавни услови

    17.11.2026 во 19:01

    Приведени возачи кои возеле без дозвола, меѓу нив и малолетници

    17.11.2026 во 18:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.