Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода седум возачи и извршија службени разговори со двајца малолетници поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Од нив, четири лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: 17-годишник од Скопје, 21-годишната Т.С. од с.Глуво, скопско, Н.Т.(37) од с.Тисовица, Општина Зелениково и Е.Р.(37) од с.Черкези, кумановско. Додека, пак, службени разговори се извршени со родители на двајца 17-годишници од Градско и од с.Уланци, општина Градско, поради тоа што управувале мотоцикли без регистарски ознаки и пред да се стекна со право на управување.
Под дејство на алкохол возеле З.Д.(40) од Битола и И.Г.(41) од Охрид, кој претходно учествувал и во сообраќајна незгода. Лицето А.Б.(25) од с.Вирче, делчевско управувал патничко возило и покрај активна мерка забрана за управување со моторно возило.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
- Без возачка, пијани и со активна забрана: Седум возачи приведени низ Македонија
- Самир Мане: Договорот со Jumbo ги носи малопродажните активности на BALFIN надвор од Европа
- Студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе се отвори во јануари 2027, Јаневска изврши увид во градежните работи
- „Жените нема да молчат“: Тренчевска бара итна седница со Тошковски и Савески по случајот со Сара
- АНБ: Разоткриена иранска прокси мрежа инволвирана во планирање на терористички напад
- УХМР најави силен ветер над 80 km/h и дожд, до петок топло, а од сабота нагло заладување
- Познат идентитетот на загинатиот српски пилот: Горан Булајиќ во 2014 со чамец спаси над 150 луѓе во Обреновац
- АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција

