Close Menu
Press24
    Најново

    Филипче: Власта ја оддалечува државата од ЕУ, младите ја бараат иднината токму таму

    16.11.2026 во 16:06

    Насилникот од Охрид повторно лишен од слобода

    16.11.2026 во 15:57

    Нови околности – попладнево повторно приведен насилникот од Охрид

    16.11.2026 во 15:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Власта ја оддалечува државата од ЕУ, младите ја бараат иднината токму таму
    • Насилникот од Охрид повторно лишен од слобода
    • Нови околности – попладнево повторно приведен насилникот од Охрид
    • Алта Банка оди на продажба: Познато е кога ќе се одржи првата аукција
    • Регулаторна одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензините и дизелот
    • Градоначалникот на Крива Паланка: Дајте ми одврзани раце и за 10 дена ќе ги решам кравите
    • Филипче побара одговорност за случајот во Охрид: Згрозен сум од обидот да се заташка само поради врските со ВМРО
    • Насилникот од Охрид пијан ја тепал Сара – МВР ги објави резултатите од алкотестот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Власта ја оддалечува државата од ЕУ, младите ја бараат иднината токму таму

    Филипче: Власта ја оддалечува државата од ЕУ, младите ја бараат иднината токму таму

    16.11.2026 во 16:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Власта на Мицкоски ја оддалечува Македонија од Европската Унија, а младите ја бараат иднината токму во Европа, нагласи претседателот на СДСМ и претседател на  Националниот совет за евроинтеграции, д-р Венко Филипче, на денешната дебата во Собрание „Извештаите на Европската комисија за владеење на правото во Република Северна Македонија – наоди и парламентарен надзор“.  Филипче посочи дека младите ја напуштаат државата и заминуваат во Европската Унија не само поради повисоките примања, туку пред сè поради поквалитетниот живот и функционалниот систем што оваа власт одбива да го изгради.

    „Каде одат младите? Се иселуваат од земјава. Каде? Во Европска Унија. 3.000 деца помалку запишани во прво одделение е само доказ дека 3.000 млади семејства изминатата година се иселиле од земјава и продолжиле таму да живеат и да работат, не само за поголеми примања туку за поквалитетен живот и систем каков што оваа власт упорно тука одбива да почне да прави“, рече Филипче.

    Во обраќањето, Филипче истакна дека извештаите на Европската комисија јасно покажуваат дека во изминатите две и пол години нема суштински напредок во ниту една област поврзана со европската интеграција. Наместо реформи и исполнување на европските стандарди, резултатот е изолација, корупција и невладеење на правото.

    Тој предупреди дека оддалечувањето од ЕУ нема да има само политички последици, туку директно ќе ја загрози и економската иднина на државата. 

    „Економијата ќе заглави во земјава поради тоа што немаме пристап до европските фондови Гледаме како се задолжуваме за да се плаќаат тековни трошоци, плати, пензии и така натаму. Слаба реализација на капиталните проекти, огромни долгови, камати коишто ги плаќаме и за странско и за домашно задолжување. А од тоа граѓаните не гледаат ништо, само тонат во сиромаштија“, рече Филипче.

    Филипче нагласи дека токму европските стандарди и функционалните институции се она што им недостасува на младите во Македонија. Наместо да им понуди перспектива, власта ги остава без квалитетно образование, без сигурност и без доверба дека во сопствената држава можат да изградат подобра иднина.Тој потсети дека ВМТО ветуваше се и сешто, а ништо не исполни.

    „Помина веќе три години на оваа власт. Се ветуваше се и сешто. Излезе се дека е една голема лага. Вистината е дека со оваа власт нема напредок на европскиот пат. Се е наоѓање на изговори за некаква заштита на национални интереси, идентитет, јазик и така натаму. А во суштина е стагнација и огромен ризик да ние целосно го пропуштиме возот за Европа“, рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    Насилникот од Охрид повторно лишен од слобода

    16.11.2026 во 15:57

    Нови околности – попладнево повторно приведен насилникот од Охрид

    16.11.2026 во 15:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.