Close Menu
Press24
    Најново

    Подгответе се за нов температурен шок – доаѓаат температури невообичаени за средината на ноември

    15.11.2026 во 10:13

    Македонка загина во страшна сообраќајка во Албанија

    14.11.2026 во 20:13

    Изменет режим на сообраќај во Скопје: Автобусите на линиите 7, 9, 18 и 118 ќе возат по променети траси

    14.11.2026 во 15:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Подгответе се за нов температурен шок – доаѓаат температури невообичаени за средината на ноември
    • Македонка загина во страшна сообраќајка во Албанија
    • Изменет режим на сообраќај во Скопје: Автобусите на линиите 7, 9, 18 и 118 ќе возат по променети траси
    • Постојано ја следел и вознемирувал бившата – Полицијата приведе гевгеличанец
    • Меџити во Бурса: Се разговараше за стручна експертиза и финансиска поддршка за ревитализација на Старата скопска чаршија
    • Гром удрил млад човек додека пливал на плажа во Австралија: Лекарите се борат за неговиот живот
    • Полицијата му влезе во домот со судска наредба: Пронајдени пиштол и муниција без дозвола
    • Деветмина возачи приведени за едно деноноќие – Возеле без дозвола, пијани и со забрана
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Подгответе се за нов температурен шок – доаѓаат температури невообичаени за средината на ноември

    Подгответе се за нов температурен шок – доаѓаат температури невообичаени за средината на ноември

    15.11.2026 во 10:131 Min Read
    Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска во земјава ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, додека попладне и кон крајот на денот се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

    По одделни котлини има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Утринските температури ќе се движат од неколку степени над нулата до околу 10 степени, а дневните ќе останат релативно високи за овој период од годината.

    Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со појава на повремен дожд во попладневните часови и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

    Според синоптичката прогноза, периодот што следува носи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од понеделник се очекува постепен пораст на температурите, кои повторно ќе бидат над просекот за овој дел од ноември.

    Метеоролозите најавуваат и засилување на јужниот ветер. Од почетокот на следната седмица ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а од среда се очекува повремено силен ветер со брзина од над 60 километри на час, особено во западните делови од земјата.

    Прочитај повеќе

    Изменет режим на сообраќај во Скопје: Автобусите на линиите 7, 9, 18 и 118 ќе возат по променети траси

    14.11.2026 во 15:53

    Постојано ја следел и вознемирувал бившата – Полицијата приведе гевгеличанец

    14.11.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.