Close Menu
Press24
    Најново

    Манасиевски: Кредитот од 5 милиони евра за фирмата на сватот на Ахмети објаснува зошто Бесими ја отворил темата за Алта банка на владина седница

    14.11.2026 во 11:55

    Николоски: Македонските аеродроми рушат рекорди

    14.11.2026 во 11:44

    Буџетот за 2027 година ќе има повеќе пари за плати, пензии и здравство: Димитриеска-Кочоска откри што е приоритет

    14.11.2026 во 11:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Манасиевски: Кредитот од 5 милиони евра за фирмата на сватот на Ахмети објаснува зошто Бесими ја отворил темата за Алта банка на владина седница
    • Николоски: Македонските аеродроми рушат рекорди
    • Буџетот за 2027 година ќе има повеќе пари за плати, пензии и здравство: Димитриеска-Кочоска откри што е приоритет
    • ВМРО-ДПМНЕ: Алта банка немала забрана за работа во ЕУ, СДСМ и Филипче шират лаги
    • СДСМ: Власта ги изгласа измените на Законот за јавни набавки, се отвора врата за тендери без контрола
    • Николоски: Автопатот Охрид-Кичево ќе биде целосно пуштен до крајот на мај, завршени градежните работи кај Пресека
    • Од утре задолжително за сите возачи – еве што мора да имате во автомобилот за да избегнете казна од 45 евра
    • Денеска се празнува споменот на светите бесребреници Козма и Дамјан
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Кредитот од 5 милиони евра за фирмата на сватот на Ахмети објаснува зошто Бесими ја отворил темата за Алта банка на владина седница

    Манасиевски: Кредитот од 5 милиони евра за фирмата на сватот на Ахмети објаснува зошто Бесими ја отворил темата за Алта банка на владина седница

    14.11.2026 во 11:552 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кредитот од 5 милиони евра од Алта банка Белград за компанија на сватот на Али Ахмети ја потврдува заинтересираноста за влез на оваа банка во Македонија од страна на поранешната власт на СДСМ и ДУИ, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

    „Сега е јасно зошто токму Фатмир Бесими, министерот за финансии во Владата на СДС и ДУИ, на владината седница од 24 октомври 2023 година ја отворил темата за Алта банка“, рече Манасиевски.

    Тој посочи дека фирмата „АС Сењак“, во сопственост на сватот на Ахмети, го добила кредитот од српската банка, а истата компанија во јавноста е позната и како партнерска фирма на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети, во купувањето на „Соравија“. Според него, во целиот овој процес СДСМ делува како „спотер“.

    „Филипче и СДС јасно да кажат, дали тогаш кога ја отворале точката на седница на Влада, Давор Мацура бил криминалец? Дали тогаш Алта банка имала сомнителен капитал? Зошто молчеле за соработката на ДУИ со Мацура и Алта банка? Нам ни е јасно, само за ден повеќе власт, СДС се спремни на се!“, праша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

    Манасиевски оцени дека со ова на јавноста ѝ станува јасно зошто опозициската партија и нејзиниот лидер Венко Филипче биле толку гласни околу прашањето за Алта банка, заклучувајќи дека „работи Фројд и дека одработуваат за свои интереси“.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Алта банка немала забрана за работа во ЕУ, СДСМ и Филипче шират лаги

    14.11.2026 во 11:12

    СДСМ: Власта ги изгласа измените на Законот за јавни набавки, се отвора врата за тендери без контрола

    14.11.2026 во 10:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.