Close Menu
Press24
    Најново

    Одржан координативен состанок во Тетово за превенција од малолетничка деликвенција

    12.11.2026 во 22:33

    Тошковски: Ива Михајлова не е регистрирана на ниту една гранична камера, истрагата не утврди вина кај полициските службеници

    12.11.2026 во 22:07

    Есенско разубавување на Скопје: Ново сезонско цвеќе во парковите и долж булеварите

    12.11.2026 во 21:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Одржан координативен состанок во Тетово за превенција од малолетничка деликвенција
    • Тошковски: Ива Михајлова не е регистрирана на ниту една гранична камера, истрагата не утврди вина кај полициските службеници
    • Есенско разубавување на Скопје: Ново сезонско цвеќе во парковите и долж булеварите
    • Максим Димитриевски: Компромиси во политиката – да, но не и со владеењето на правото
    • Нов чекор кон дигитализација и модернизација на водоводниот систем во Биола
    • Путин прифати европски претставници во мировните преговори за Украина
    • Тошковски: Жената треба да се чувствува најбезбедно во својот дом, со новиот закон се предвидуваат и електронски алки за насилниците
    • Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Одржан координативен состанок во Тетово за превенција од малолетничка деликвенција

    Одржан координативен состанок во Тетово за превенција од малолетничка деликвенција

    12.11.2026 во 22:332 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во просториите на Општина Тетово се одржа меѓуинституционален работен состанок посветен на превенцијата и справувањето со малолетничката деликвенција, поттикнат од последните случувања и инциденти во кои беа инволвирани малолетни навивачи на двата фудбалски клуба од Тетово.

    На состанокот присуствуваа градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами со претставници на општината, раководството и претставници од Секторот за внатрешни работи Тетово, претставници од Советот за превенција од малолетничка деликвенција, Центарот за социјални работи Тетово, како и директорите на сите основни и средни училишта на територијата на општината.

    Во рамки на работната средба, свои обраќања имаа градоначалникот Касами и претставниците од сите надлежни институции, при што беа презентирани досегашните резултати, преземените мерки и тековните превентивни активности на терен.

    Присутните едногласно го донесоа заклучокот дека безбедносната состојба во Тетово е стабилна и дека не станува збор за какви било меѓуетнички тензии, туку за изолирани меѓунавивачки конфликти – појава со која се соочуваат и други градови низ државата и регионот, но во Тетово повеќе се одразува поради мултиетничката средина. Во таа насока, институциите упатија заеднички апел до јавноста, медиумите и политичките чинители да се воздржат од ширење дезинформации, политичка злоупотреба на ваквите настани и вештачко подгревање на тензии кои реално не постојат на ова подрачје.

    На состанокот беа договорени и следните конкретни чекори за претстојниот период како што се: континуирана размена на информации меѓу СВР Тетово, Центарот за социјални работи и образовните институции за рано детектирање на ризично однесување кај младите, организирање заеднички предавања и кампањи во основните и средните училишта на тема фер-плеј навивање, толеранција и законските последици од нарушување на јавниот ред и мир, одржување средби со советите на родители и управите на локалните спортски клубови со цел подигнување на свеста и заедничка одговорност за безбедноста на младите.

    Министерството за внатрешни работи и СВР Тетово остануваат целосно посветени на зачувување на јавниот ред и мир и најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со засилени превентивни, но и соодветни законски мерки против сите прекршители на законот, без оглед на нивната припадност.

    Прочитај повеќе

    Тошковски: Ива Михајлова не е регистрирана на ниту една гранична камера, истрагата не утврди вина кај полициските службеници

    12.11.2026 во 22:07

    Есенско разубавување на Скопје: Ново сезонско цвеќе во парковите и долж булеварите

    12.11.2026 во 21:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.