Close Menu
Press24
    Најново

    Клековски: Нов сомнителен случај на морбили кај дете над една година

    12.11.2026 во 15:41

    Трактор купен со субвенции исчезнал, пчелари пријавувале стотици непостоечки семејства – инспекторите излегоа на терен

    12.11.2026 во 15:29

    Мицкоски утре во посета на Општина Гази Баба: Пуштање во употреба на новата детска градинка „Лавче“ во Инџиково

    12.11.2026 во 14:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Клековски: Нов сомнителен случај на морбили кај дете над една година
    • Трактор купен со субвенции исчезнал, пчелари пријавувале стотици непостоечки семејства – инспекторите излегоа на терен
    • Мицкоски утре во посета на Општина Гази Баба: Пуштање во употреба на новата детска градинка „Лавче“ во Инџиково
    • Клековски: Вложени над 40 милиони денари во Стоматолошкиот центар, реновирана ординацијата за општа анестезија
    • Ристовска Додевски: Од бесплатен оброк за учениците до субвенција од 1.000 денари, уште едно неисполнето ветување на Герасимовски и СДС
    • Жерновски: СДСМ ширел паника само кај Мицкоски и криминалната банда, власта копира рецепти од Србија за Алта банка
    • Татко ми ме тепа, мајка ми долго време психички ме малтретира – Тинејџерка од Скопје ги пријавила родителите во полиција
    • Во продавница во Скопје пронајдено заталкано зрно – вработена го забележала куршумот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Клековски: Нов сомнителен случај на морбили кај дете над една година

    Клековски: Нов сомнителен случај на морбили кај дете над една година

    12.11.2026 во 15:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во земјава е регистриран уште еден сомнителен случај на морбили кај дете на возраст над една година, за кое во тек се лабораториските испитувања, изјави денеска министерот за здравство Сашо Клековски. Досега во државата се потврдени вкупно пет случаи на мали сипаници, од кои четири се македонски државјани, а еден е странец.

    Министерот истакна дека сите случаи епидемиолошки темелно се обработуваат за да се лоцираат и предупредат сите можни контакти, нагласувајќи дека државата располага со доволни количини на вакцини.

    „Знам дека имаме зголемено ниво на вакцинирање. Имаме доволно на залиха вакцини, така што мислам дека на почетокот имавме околу 15.000, има и други достапни количини“, посочи Клековски, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Стоматолошкиот клинички центар.

    Тој категорично демантираше дека Министерството за здравство или која било друга здравствена институција испратила насоки до министерствата за образование или за социјална политика за барање потврди за вакцинација и непримање на деца во установите.

    „Ниеден дел од здравствените власти нема испратено препорака до соодветните други установи, зборуваме за образование за непримање на деца. Нашето апелирање е до родителите дека со невакцинирањето ги изложуваат сопствените деца, бебињата на ризик. Чинот на доброволност го нагласувам за да се избегнат моментите на постојните групи на антиваксери кои сметаат дека ова е повторно некаков заговор за да ги тераме родителите да ги вакцинираат децата. Нема никаков заговор. Моите деца се вакцинирани кога било време да бидат вакцинирани не отпосле. Апелирам до сите родители нема подобра заштита за сипаници од вакцинација. Сите заедно како општество треба да се вклучиме со јасна волја дека ова е единствен начин да спречиме епидемија и дека сите треба да направиме чекор кон тоа. Нема потреба да се закануваме, да присилуваме, да се фалсификуваат потврди и што уште не да се прави“, додаде Клековски.

    Прочитај повеќе

    Трактор купен со субвенции исчезнал, пчелари пријавувале стотици непостоечки семејства – инспекторите излегоа на терен

    12.11.2026 во 15:29

    Мицкоски утре во посета на Општина Гази Баба: Пуштање во употреба на новата детска градинка „Лавче“ во Инџиково

    12.11.2026 во 14:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.