Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и СДС ги манипулираат родителите со претворање на предизборното ветување за бесплатен оброк во делумна субвенција, изјави претседателката на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ Центар и советник во Општината, Диана Ристовска Додевски. Според неа, наместо целосно покриени трошоци, одобрени се само по 1.000 денари месечно по ученик, додека реалната цена на оброците е двојно поголема, а разликата паѓа на товар на семејствата.
Ристовска Додевски нагласи дека среде ноември Општината ја менува Програмата за образование и предвидените средства од 15 милиони денари ги намалува на 8 милиони денари.
„Тука легитимно се поставува прашањето каде ќе завршат останатите 7 милиони денари? Зошто се кратат средствата наменети за учениците и дали овие пари навистина ќе завршат кај основците и нивните потреби? Родителите заслужуваат транспарентност и конкретни одговори, а не постојани промени на ветувањата“, истакна тя.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека ќе го поддржат секое решение што им помага на учениците, но нема да молчат за неисполнетите ветувања и политичкиот маркетинг на локалната власт.

