Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Документ од 2023 година потврдува дека СДСМ и ДУИ влегла во деловен однос со Алта банка и Мацура

    11.11.2026 во 20:02

    Петрушевски: Дали обвинителството ќе го повика Филипче да одговара за ширење паника и сериозни обвинувања за Алта банка

    11.11.2026 во 19:56

    Талески до обвинителот Савески: Дали има предмет и дали ќе се испитува одговорност кај Мицкоски, Славески и Димитриеска-Кочоска

    11.11.2026 во 19:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Документ од 2023 година потврдува дека СДСМ и ДУИ влегла во деловен однос со Алта банка и Мацура
    • Петрушевски: Дали обвинителството ќе го повика Филипче да одговара за ширење паника и сериозни обвинувања за Алта банка
    • Талески до обвинителот Савески: Дали има предмет и дали ќе се испитува одговорност кај Мицкоски, Славески и Димитриеска-Кочоска
    • Сиљановска-Давкова се сретна со Ван дер Белен во Анталија: Проширувањето на ЕУ е и безбедносно прашање
    • Кузманоска до АСО: Каква е финансиската состојба на Алта осигурување и има ли ризик за секторот
    • Министерот Хоџа дел од македонската делегација на самитот COP31 во Турција
    • Спасовски до Управaта за финансиско разузнавање: Кога Народната банка побара проверки за потеклото на капиталот на Алта банка
    • Шасивари во Берлин: Новиот Кривичен законик и Законот за кривична постапка испратени до Европската комисија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Документ од 2023 година потврдува дека СДСМ и ДУИ влегла во деловен однос со Алта банка и Мацура

    Мицкоски: Документ од 2023 година потврдува дека СДСМ и ДУИ влегла во деловен однос со Алта банка и Мацура

    11.11.2026 во 20:023 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Тема на денот во Дневникот на Сител телевизија истакна дека опозицијата точно знаела кој е Давор Мацура, документите потврдуваат дека Владата предводена од СДСМ во 2023 година носела одлука за деловен однос со Алта банка и со тоа се покажува нивното лицемерие. 

    „Со оној документ од 2023 година во којшто на владина седница тогаш коалиционите партнери СДСМ и ДУИ, влегуваат во би рекол условно кажано деловни односи со Алта Банка Србија, односно со лицето Давор Мацура, јасно го потврдува нивното лицемерие и двојни стандарди кога зборуваат за тоа што се случуваше досега.“, потенцира премиерот Мицкоски.

    Премиерот Мицкоски појасни дека документот ја побива тезата на СДСМ и ја покажува вистината односно дека токму дека владата на СДСМ влегла во бизнис зделка со Мацура и Алта банка. 

    „Нивната теза беше дека ние сме имале лични врски со лицето Давор Мацура кој бил личен банкар на Александар Вучиќ итн. И тие не го познавале лицето Мацура, Алта банка, тоа беше нивната теза. Што е документот од 2023 година кој денеска го презентирав и којшто се појави на некој од медиумите. Тоа е документ во кој  Владата на предлог на тогашниот министер за финансии на седница со која претседава тогашниот претседател на владата Димитар Ковачевски носи одлука да го овласти државниот правобранител да ја застапува во процесот каде македонската влада отуѓува сопствени акции на Алта Банка односно лицето Давор Мацура. Дали биле принудени или не биле принудени и тоа не е така и тоа не ја намалува погрешната теза дека оваа Влада влегла во бизнис зделки со Мацура и Алта банка.“, нагласи премиерот Мицкоски.

    Премиерот Мицкоски додаде дека вистината е дека претходната влада па нека биде принудена е таа којашто влегла во деловни односи со Алта Банка и лицето Давор Мацура, а не оваа Влада. 

    „Ние не можеме да влеземе затоа што станува збор за сопственици на акции на Стопанска банка АД Битола и Алта Банка Србија која од приватните сопственици купува акции, не од владата. А претходната влада точно знаела за лицето Мацура, за Алта Банка Србија.“, изјави премиерот Мицкоски. 

    Во врска со тоа дали оваа Влада дала дозвола, премиерот Мицкоски појасни дека владата не може да дозволи или да не дозволи должничко доверителски односи или купопродажба на банка помеѓу две приватни лица да се одобри или да се спречи. 

    „Ние сме Влада и сме надвор од тој процес. Доколку се испочитувани законските одредби, правилата, прописите ние само можеме да го следиме тој процес однадвор бидејќи не сме таа страна која може да дозволува или не дозволува. Таман работа ако државата се вплетка во бизнис одлуки на приватни компании, тогаш немаме пазарна економија.“, вели премиерот Мицкоски

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: Дали обвинителството ќе го повика Филипче да одговара за ширење паника и сериозни обвинувања за Алта банка

    11.11.2026 во 19:56

    Талески до обвинителот Савески: Дали има предмет и дали ќе се испитува одговорност кај Мицкоски, Славески и Димитриеска-Кочоска

    11.11.2026 во 19:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.