Close Menu
Press24
    Најново

    Акција на Финансиска полиција: Затаиле 23 милиони денари данок

    11.11.2026 во 13:15

    Казино во Кичево крадело струја: Ќе треба да надомести 2,7 милиони денари

    11.11.2026 во 13:10

    Ѓорѓиевски: И денеска оставаме пример – над 30.000 граѓани се приклучија на најмасовната еко-акција за чистење на Скопје

    11.11.2026 во 12:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Акција на Финансиска полиција: Затаиле 23 милиони денари данок
    • Казино во Кичево крадело струја: Ќе треба да надомести 2,7 милиони денари
    • Ѓорѓиевски: И денеска оставаме пример – над 30.000 граѓани се приклучија на најмасовната еко-акција за чистење на Скопје
    • Славески поднел кривични против Филипче, Димитријевиќ и Жерновски за Алта Банка
    • Славески: Состојбата во Алта банка АД Битола и нејзиниот биланс се здрави и солидни, се бара нов сопственик
    • 200.000 евра за 63 квадрати, но и тоа не е најскапо продадениот стан по метар квадратен во Скопје
    • Панова: Потребно е да се направи јасна разлика меѓу политичките интерпретации и институционално утврдените факти за Алта банка
    • До крајот на годината „Безбеден град“ ќе казнува непрописно паркирање и запирање на булеварите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Акција на Финансиска полиција: Затаиле 23 милиони денари данок

    Акција на Финансиска полиција: Затаиле 23 милиони денари данок

    11.11.2026 во 13:152 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две физички лица – сопственик и управител на правно лице, едно ополномоштено лице како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

    Првопријавениот Т.П., во својство на ополномоштено лице во соработка со второпријавената З.П. во својство на сопственик и управител на третопријавениот правен субјект-во стечај, свесно и со однапред утврдена намера да се стекнат со противправна имотна корист за себе и правниот субјект, во текот на 2022 и 2023 година, преземале дејствија со кои избегнале пресметување, пријавување и плаќање на законски утврдените даночни обврски.

    Имено, без соодветно покритие подигнале парични средства од сметката на правното лице во износ од 8.912.345 денари, не ги евидентирале дадените позајмици кон физички лица во вкупен износ од 21.742.806 денари како непризнаени расходи за даночни цели во даночните биланси, ниту ги прикажале застарените обврски во износ од 148.489.312 денари како приходи во даночниот биланс за 2023 година на правното лице. Дополнително, неосновано присвоиле трговска стока евидентирана на залиха во вредност од 14.937.751 денари, без да ги подмират соодветните даночни обврски.

    Со ваквите дејствија, пријавените избегнале пресметување, пријавување и плаќање данок на личен доход, данок на добивка и данок на додадена вредност во вкупен износ од 23.252.988 денари, со што го оштетиле Буџетот на Република Северна Македонија.

    Прочитај повеќе

    Имате уште четири дена за да се спремите: Од понеделник полицијата ќе казнува по 45 евра

    11.11.2026 во 11:21

    Осум дена притвор за битолчанец: Двапати фатен да вози пијан за помалку од 30 часа, вториот пат со 3,5 промили алкохол

    10.11.2026 во 16:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.