Пожарот што избувна попладнево кај Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола, при што беа зафатени делови од три куќи, а во интервенцијата учествуваа девет противпожарни возила и 22 пожарникари.
– Станува збор за куќи, индивидуални. Опожарен е кров на една двокатна куќа, од којашто поради близина на објектите има зафатено делови од уште две куќи. Пожарот позади пазарот е целосно ставен под контрола, сега се работи на расчистување. Интервенирано е со девет возила, со 22 пожарникари – изјави за МИА, Звонко Томески, командант на Противпожарната единица – Скопје.
Тој додаде дека висината на штетата допрва ќе се утврдува

