Close Menu
Press24
    Најново

    Народот пресече за 48 часа: Над 10.000 потписи против институционалната слепост за насилството врз жените

    09.11.2026 во 18:16

    Продолжува програмата „Суперучилишта“ – средношколците од Македонија се поврзуваат со врсниците од регионот

    09.11.2026 во 18:11

    Нови детали за пожарот кај Бит Пазар: Се интервенира со 6 противпожарни возила

    09.11.2026 во 17:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Народот пресече за 48 часа: Над 10.000 потписи против институционалната слепост за насилството врз жените
    • Продолжува програмата „Суперучилишта“ – средношколците од Македонија се поврзуваат со врсниците од регионот
    • Нови детали за пожарот кај Бит Пазар: Се интервенира со 6 противпожарни возила
    • Пожар кај Бит Пазар – зафатени се неколку магацини
    • Мерц за 9. ноември: Слободата и демократијата никогаш не треба да се земаат здраво за готово
    • Муцунски во работна посета на Литванија и отворање на македонската Амбасада во Вилнус
    • Бени Шаќири станува советник за култура на Ѓорѓиевски, Димче Арсовски е нов директор на МКЦ
    • Што откри инспекцијата за случајот со 17-годишната Билјана од Богданци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Народот пресече за 48 часа: Над 10.000 потписи против институционалната слепост за насилството врз жените

    Народот пресече за 48 часа: Над 10.000 потписи против институционалната слепост за насилството врз жените

    09.11.2026 во 18:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    За само два дена, повеќе од 10.000 граѓанки и граѓани ја потпишаа петицијата на Либерално-демократската партија (ЛДП) за итно воведување електронски нараквици за сторителите на семејно насилство! Оваа масовна поддршка е директна порака за власта и за сите оние кои со месеци бараа празни изговори, правдајќи ја својата незаинтересираност со некакви „недоработени решенија“ и „подетални анализи“, велат од ЛДП. 

    Додека парламентарното мнозинство во март го одбиваше овој закон и додека нивните коалициони партнери по телевизии оправдуваат „машки надзор“ и ги омаловажуваат жените, на терен се случуваат трагедии, а жртвите живеат во постојан страв.

    Народот во Македонија јасно покажа дека повеќе не прифаќа изговори што не држат вода! Техничката инфраструктура и уредите во системот за пробација веќе постојат – единственото нешто што недостасува кај власта е политичка волја да ги заштити човечките животи. 

    „10.000 потписи за 48 часа! Заедно УСПЕАВМЕ! Во март по втор пат ми го одбија предлог-Законот и ни се случи нова трагедија и нова жртва! Оваа петиција не е само бројка, туку народен ултиматум до Собранието и Владата веднаш да ги сопрат партиските калкулации и без одложување да го изгласаме законското решение за електронско следење на насилниците“, изјави Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и пратеничка во Собранието на Македонија.

    ЛДП им се заблагодарува на сите граѓанки и граѓани кои со својот потпис застанаа зад оваа борба за заштита на достоинството и безбедноста на секоја жена. Нема да застанеме тука – народниот глас е премногу гласен за да продолжите да замижувате пред насилството. 

    Изгласајте ги електронските нараквици веднаш, бидејќи превенцијата спасува животи, а вашето молчење ве прави соучесници, додаваат од партијата.

    Прочитај повеќе

    Бени Шаќири станува советник за култура на Ѓорѓиевски, Димче Арсовски е нов директор на МКЦ

    09.11.2026 во 17:00

    Ѓорѓиевски оствари средба со швајцарскиот амбасадор Сомер: Фокус на соработката и швајцарските искуства во локалното управување

    09.11.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.