На 07.11.2026 во 23,57 часот, на улица „Магистрален пат“ во Кичево, лишен од слобода е З.Н.(55) од Македонски Брод.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „пасат“ кое, тој го управувал и, при извршено алкотестирање, кај него констатирале 1,74 промили алкохол во крвта, соопшти МВР.
По насоки на јавен обвинител, одземено е неговото возило и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

