Close Menu
Press24
    Најново

    Кузеска: Мицкоски призна дека тој ќе преговара со идни купувачи на Алта банка – толку од независноста на НБМ

    07.11.2026 во 12:42

    Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

    07.11.2026 во 12:23

    Андоновски: Европската комисија го потврди одличниот напредок во дигиталната трансформација на државата

    07.11.2026 во 12:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Кузеска: Мицкоски призна дека тој ќе преговара со идни купувачи на Алта банка – толку од независноста на НБМ
    • Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата
    • Андоновски: Европската комисија го потврди одличниот напредок во дигиталната трансформација на државата
    • Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов
    • ЕК нотира добро ниво на подготвеност на Царинската управа во спроведување на реформите за забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ
    • СДСМ: Новата власт во Србија бара истрага за Вучиќ, паѓа „Оскар“ – паѓа и Мицкоски
    • Ангел Анѓушев: За успех на странските пазари не е доволна само добра цена, туку и висок квалитет
    • Во Берото утрово најстудено – измерени минусни температури
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кузеска: Мицкоски призна дека тој ќе преговара со идни купувачи на Алта банка – толку од независноста на НБМ

    Кузеска: Мицкоски призна дека тој ќе преговара со идни купувачи на Алта банка – толку од независноста на НБМ

    07.11.2026 во 12:423 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Мицкоски призна дека лично тој ќе преговара со идни купувачи на Алта банка во Македонија. Тој одлучувал за нејзиниот влез во земјава, тој сега одлучува и за нејзината продажба. Толку од независноста на Народната банка, обвини портпаролката и членка на ИО на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција.

    Кузеска посочи дека ова е второ признание пред јавноста, по признанието на Трајко Славески дека одлуката за влез на Алта банка во Македонија ја донел лично Мицкоски.

    „Како стратешка гранка, вели Славески, требало да бидат задоволени условите на ‘политичка сензитивност’. Ова е директна потврда на она што СДСМ го говори веќе 11 месеци – Мицкоски и Славески ја донесоа пералната на пари на Вучиќ со сомнителен капитал во Македонија“, рече Кузеска.

    Таа нагласи дека Мицкоски и Славески се одговорни за хаосот во кој граѓаните и пензионерите не можат да дојдат до своите пари, а правните лица не можат да исплатат плати.

    „Давор Мацура прво доби дозвола од Вучиќ, па потоа од Мицкоски“, посочи Кузеска, потсетувајќи дека СДСМ објави и документи, записник од седница на кој се гледа дека Владата на Мицкоски носела заклучоци со кои акции од државни претпријатија се нудени во интерес на Мацура и Алта банка.

    „Сега имаме и уште едно признание, изјава на Мицкоски дека тој ќе преговара со идни купувачи на Алта банка во Македонија. Како кога Народна банка е независна институција? Па исто како и првиот пат кога ја донесоа Алта банка во Македонија, односно ја увезоа од нивниот ментор Вучиќ. Исто така. Мицкоски одлучил. Тој донел одлука за влез на банката на кланот на Вучиќ преку Мацура. Сега тој носи одлука да се продава. Само за да сокрие криминалот што го направија. Затоа се притискаат две банки, една домашна, една странска. Капо ди тути капи, Мицко мора да биде дел од секој дил.

    Шеф на банда, тој одлучува за сè, за фирми, за банки, за пари. Тој е и гувернер. А знаеме дека одамна е и обвинител и судија“, истакна Кузеска.

    Дополнително, Кузеска укажа и на 80-те милиони евра наведени во билансот на банката и побара одговор дали тие средства навистина постојат.

    „Дали во трезорот и документите на Алта банка во Битола постојат 80 милиони евра кеш или соодветни кеш еквиваленти? Толку стои во билансот на банката. Имаше доволно време тоа да го провери и бараме веднаш да се огласи. Затоа што во банка на Мацура во Белград тоа не постоеше, и основно е сомнението дека и во Битола тоа го нема. Обвинителот Савески после вакви признанија има законска обврска да реагира. Веднаш да отвори истрага и за Мицкоски, Славески и за Кочоска. Да се вклучи и Европското обвинителство за да се провери текот на сите пари за Алта банка. Сите вмешани во скандалот со Алта банка да одговараат!“, порача Кузеска.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

    07.11.2026 во 12:23

    СДСМ: Новата власт во Србија бара истрага за Вучиќ, паѓа „Оскар“ – паѓа и Мицкоски

    07.11.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.