Close Menu
Press24
    Најново

    Жерновски: Мицкоски е нервозен и во паника, се заканува на СДСМ затоа што се плаши од вистината за Алта банка 

    05.11.2026 во 20:47

    Муцунски: ЕK потврдува видлив напредок во повеќе области, продолжуваме со реформите и бараме сигурен и предвидлив европски пат

    05.11.2026 во 20:33

    Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот

    05.11.2026 во 20:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Жерновски: Мицкоски е нервозен и во паника, се заканува на СДСМ затоа што се плаши од вистината за Алта банка 
    • Муцунски: ЕK потврдува видлив напредок во повеќе области, продолжуваме со реформите и бараме сигурен и предвидлив европски пат
    • Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот
    • Фонд на ПИОМ: Пензионерите да бидат спокојни, исплатата на пензиите е приоритет
    • Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање
    • Стојаноска: СДС ја одолговлекува надзорната расправа за Алта банка и шират паника меѓу граѓаните, но за тоа треба да одговараат
    • Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски е човек кој не верува на институциите
    • МВР: За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Жерновски: Мицкоски е нервозен и во паника, се заканува на СДСМ затоа што се плаши од вистината за Алта банка 

    Жерновски: Мицкоски е нервозен и во паника, се заканува на СДСМ затоа што се плаши од вистината за Алта банка 

    05.11.2026 во 20:474 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, во „Само интервју“ на телевизија Канал 5, нагласи дека Мицкоски се заканува на СДСМ затоа што е нервозен и уплашен од вистината за Алта банка, но и за другите скандали за кои клопчето ќе почне да се одмотува. Жерновски посочи дека Мицкоски наместо да одговори на прашањата за сомнителниот капитал, за одговорноста на институциите и за улогата на власта во целиот случај, со закани се обидува да ја замолчи СДСМ  што ја открива вистината.

    Ова го истакна секретарот за меѓународна политика на СДСМ, Андреј Жерновски, во интервју за Канал 5, посочувајќи дека Мицкоски е човекот кој е уплашен, а не опозицијата.

    „Тој се плаши, бидете сигурни. Тоа што го слушнавте и што го видовте беше уплашен човек. Со право уплашен“, рече Жерновски.

    Тој потсети дека СДСМ речиси една година предупредува за Алта банка, но власта ниту ги демантираше укажувањата, ниту пак презеде соодветни чекори. Напротив, Мицкоски овозможи сомнителен капитал да влезе во земјава, а сега се заканува со апсења на оние што го критикуваат.

    „Ниту еднаш не бевме демантирани, ниту бевме послушани. Да бевме послушани тогаш немаше да се случи сè ова. Зошто се случи ова? Затоа што Мицкоски овозможи на својот бизнис партнер и политички ментор, јас тоа отворено го кажувам а тоа е Вучиќ, таков капитал да влезе во оваа држава и сега да се заканува со апсења на тие што го критикуваат“, рече Жерновски.

    Жерновски посочи дека доколку Македонија беше членка на Европската Унија, Алта банка немаше да може да влезе во државата,заради тоа што и Европската централна банка забрани влез поради сомнежите околу потеклото на парите и ризиците што ги носи банката.

    „Да бевме ние членки на Европската унија, немаше ни да влезе Алта банка, затоа што Европската централна банка веќе оцени дека таа банка не може да влезе на пазарот на Европската унија, затоа што под број еден има сомневање во потеклото на парите, под број два поради перење на пари и под број три што тоа носи безбедносен ризик за целиот регион“, рече Жерновски.

    Во интервјуто Жерновски посочи дека недозволиво е министерката за финансии Димитриеска-Кочоска да тврди дека гувернерот Славески не ја консултирал за влзеот на Алта банка кога постои записник од седница на Влада во кој јасно се гледа  на предлог на министерката Владата разгледувала прашања поврзани со понудата за преземање акции од Алта банка и со шеснаесет јавни институции.

    „Веднаш добивме материјал којшто сакам денес да го презентирам. Не само што била информирана министерката, туку токму на предлог на Кочоска се носени заклучоци директно поврзани со понудата за преземање на акции од страна на Алта банка и на шеснаесет јавни институции“, рече Жерновски.

    Воедно, Жерновски истакна дека недозволиво и неодговорно е Славески да тврди дека не знаел кој е сопственик на банката и дека не го интересирало тоа, кога во надзорниот одбор на банката прв на листата е сега уапсениот сопственик, Давор Мацура. 

    „Трајко Славески вели: „Не ме интересира кој е сопственик, ниту знам кој е сопственик.“ Така беше. Па вие во двор некој да пуштите, ќе се интересирате кој е. Тоа е првата грешка и за тоа треба да одговара“, рече Жерновски.

    Жерновски нагласи дека одговорноста не е само кај гувернерот, бидејќи јасно е дека тој не постапувал самостојно, туку по наредба на Мицкоски.

    „Не требаше воопшто, да влезе банка со таков капитал. Кога ќе дозволите влез на криминални пари, тоа ќе ви се случи. Трајко Славески го овозможи, но пак велам, тој тоа не го направи сам. Тој тоа го направи по наредба на Мицкоски и денеска ќе кажам дека ќе дојде денот кога тој прв ќе каже од кого ја добил наредбата. Памтете ми го зборот“, рече Жерновски.

    Тој порача дека нервозата на Мицкоски е резултат на информациите кои излегуваат на виделина не само за Алта банка туку и за другите скандали. 

    „Ние во СДСМ знаеме зошто е нервозен. Затоа што најлошото допрва доаѓа. Тогаш ќе дојдеме до петте тони дрога, бидејќи клопчето веќе почна да се одмотува. Е, тука е нервозата и за сите други работи. Е, кога ќе се отвори таа точка, тогаш ќе видите зошто се заканува Мицкоски“, рече Жерновски.

    Прочитај повеќе

    Муцунски: ЕK потврдува видлив напредок во повеќе области, продолжуваме со реформите и бараме сигурен и предвидлив европски пат

    05.11.2026 во 20:33

    Стојаноска: СДС ја одолговлекува надзорната расправа за Алта банка и шират паника меѓу граѓаните, но за тоа треба да одговараат

    05.11.2026 во 19:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.