Close Menu
Press24
    Најново

    Муцунски: ЕK потврдува видлив напредок во повеќе области, продолжуваме со реформите и бараме сигурен и предвидлив европски пат

    05.11.2026 во 20:33

    Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот

    05.11.2026 во 20:02

    Фонд на ПИОМ: Пензионерите да бидат спокојни, исплатата на пензиите е приоритет

    05.11.2026 во 19:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Муцунски: ЕK потврдува видлив напредок во повеќе области, продолжуваме со реформите и бараме сигурен и предвидлив европски пат
    • Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот
    • Фонд на ПИОМ: Пензионерите да бидат спокојни, исплатата на пензиите е приоритет
    • Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање
    • Стојаноска: СДС ја одолговлекува надзорната расправа за Алта банка и шират паника меѓу граѓаните, но за тоа треба да одговараат
    • Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски е човек кој не верува на институциите
    • МВР: За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство
    • Димитриеска-Кочоска: Обвинувањата за јавниот долг се неосновани 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски: ЕK потврдува видлив напредок во повеќе области, продолжуваме со реформите и бараме сигурен и предвидлив европски пат

    Муцунски: ЕK потврдува видлив напредок во повеќе области, продолжуваме со реформите и бараме сигурен и предвидлив европски пат

    05.11.2026 во 20:333 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостувањето во Вестите на Сител ТВ се осврна на последниот Извештај на Европската комисија, реформските процеси и предизвиците на патот кон полноправно членство во Европската Унија.

    Муцунски оцени дека Извештајот претставува објективен и реален преглед на состојбите во државата во однос на европската интеграција, посочувајќи дека во повеќе области е регистриран напредок, додека во други останува потребата од дополнителна работа.

    „Јас тоа не би го нарекол критики, туку би го нарекол насоки за тоа што треба да направиме за да се подобриме. Содржината на овој Извештај е во наш интерес. Не треба да го гледаме како испорака кон Европската Унија, туку како испорака кон нашите граѓани, бидејќи станува збор за високи стандарди во кои со години вложуваме време и сериозни ресурси“, истакна Муцунски.

    Тој нагласи дека во делот на надворешната, безбедносната и одбранбената политика државата веќе повеќе години по ред добива највисоки оценки, потенцирајќи дека станува збор не само за активностите на меѓународен план, туку и за стратешката определба на државата.

    Осврнувајќи се на областите во кои е потребен дополнителен напредок, Муцунски посочи дека реформата на правосудството и борбата против корупцијата не зависат исклучиво од извршната власт.

    „Не е прашањето само кои закони ќе ги донесеме како Влада, туку и како тие ќе се спроведуваат и какви конкретни резултати ќе испорачаат институциите, особено правосудниот систем во борбата против високата корупција“, рече Муцунски.

    Во однос на политичките оценки за Извештајот, тој повика фокусот да биде ставен на неговата содржина и на оценките на Европската Унија.

    Говорејќи за политиката на проширување, министерот посочи дека позитивно се оценуваат новите механизми за постепена интеграција, пристапот заснован на заслуги и заложбите за намалување на билатерализацијата на процесот.

    „Во нашата историја на европска интеграција сме слушнале многу охрабрувања и многу пати сме зборувале за прозорци на можности. Сега очекуваме заедничка испорака. Не велиме дека само Европската Унија треба да испорача кон нас. И ние мораме активно да се вклучиме, да ги спроведуваме реформите и да обезбедиме предвидлива и сигурна рамка за нашиот евроинтеграциски пат“, истакна Муцунски.

    Во однос на отворените прашања во европскиот процес, Муцунски нагласи дека секое решение треба да биде поврзано со јасно утврдени принципи и дека процесот не треба да се води со однапред поставени рокови.

    „Не сме ветиле дека ќе најдеме решение во рок од шест месеци или една година. Чекор по чекор работиме не само на подобрување, туку и на враќање на дел од позициите кои претходно сме ги немале. Истовремено, не се откажуваме од европската интеграција. И нашите изјави и она што го правиме на дело се доказ за тоа“, рече Муцунски.

    Тој додаде дека при носењето одлуки мора да се земат предвид и можните последици и идните очекувања во процесот.

    „Не сме подготвени лековерно или без размислување за последиците да влеземе во процес за кој имаме директно пренесени информации дека по еден чекор ќе следуваат и други очекувања. Не се лесни овие процеси и тие траат долго“, истакна Муцунски.

    Според него, значајно е што во европските институции и меѓу земјите членки се препознава и широката општествена поддршка за европската интеграција и определбата на Владата за европските вредности.

    „Дел од примената на европските вредности е меѓусебното разбирање, почитувањето на меѓусебните идентитети, јазичните различности и културата. Секогаш може да се најде решение доколку има желба и волја од другата страна“, нагласи Муцунски.

    Тој истакна дека домашните реформи и решавањето на отворените политички прашања мора да се движат паралелно, бидејќи исполнувањето на европските критериуми останува суштински дел од процесот.

    „Мораме да најдеме решение и ќе работиме на тоа. Но нашиот императив не треба да биде решение по секоја цена“, порача Муцунски.

    Прочитај повеќе

    Стојаноска: СДС ја одолговлекува надзорната расправа за Алта банка и шират паника меѓу граѓаните, но за тоа треба да одговараат

    05.11.2026 во 19:34

    Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски е човек кој не верува на институциите

    05.11.2026 во 19:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.