Close Menu
Press24
    Најново

    Стојаноска: СДС ја одолговлекува надзорната расправа за Алта банка и шират паника меѓу граѓаните, но за тоа треба да одговараат

    05.11.2026 во 19:34

    Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски е човек кој не верува на институциите

    05.11.2026 во 19:30

    МВР: За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство

    05.11.2026 во 19:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стојаноска: СДС ја одолговлекува надзорната расправа за Алта банка и шират паника меѓу граѓаните, но за тоа треба да одговараат
    • Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски е човек кој не верува на институциите
    • МВР: За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство
    • Димитриеска-Кочоска: Обвинувањата за јавниот долг се неосновани 
    • Мицкоски: Користењето на порталот за е-услуги е двојно зголемено
    • Нов скок на светските берзи: Цената на нафтата повторно во пораст
    • Мелони предупредува: Европа ризикува да остане без влијание во мировните преговори за Украина
    • Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стојаноска: СДС ја одолговлекува надзорната расправа за Алта банка и шират паника меѓу граѓаните, но за тоа треба да одговараат

    Стојаноска: СДС ја одолговлекува надзорната расправа за Алта банка и шират паника меѓу граѓаните, но за тоа треба да одговараат

    05.11.2026 во 19:343 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp


    Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка во Собранието, во вечерашното гостување во емисијата „Колегиум“ на Алфа телевизија дискутираше за случувањата со Алта банка и ширењето на паника и хистерија во јавноста во врска со истата, од страна на опозициската СДС, како и за тоа дека за ваквото ширење на дезинформации и паника, согласно Устав и закон, треба да одговараат.

    „Луѓето коишто нас не обвинуваа за српски свет, очигледно дека будно го следат српскиот свет особено после падот на Александар Вучиќ и јас претпоставувам дека сонуваат да има исто сценарио како со Алта Банка во Србија, со Алта Банка во Македонија, но тоа се навистина два засебни, одделни правни субјекти, тоа самите експерти го кажаа. Ако го гледаме нивното искуство со пропаѓање на банки ќе требаше до сега, стечај да се прогласи за оваа банка, тоа го презедоа тие како чекор со Еуростандард банка пред 6 години“, рече Стојаноска и додаде:

    „Апсолутно ја злоупотребуваат состојбата за ширење на паника, нашата реакција беше веднаш да се преземе раководењето со банката и да се вршат исплати, првично предност имаа пензионерите бидејќи почеток на месец беше, приматели на социјална помош и слично. Дури денес и премиерот, се повика и на член од Уставот, според кој, овие луѓе коишто шират паника меѓу граѓаните, дури, можно е, ако имаме правна држава којашто реагира на секое кршење на закон, и да одговараат за вакво ширење на паника“.

    Стојаноска се осврна и на надзорната расправа која беше побарано да се одржи денес, во рамките на Комисијата за финансирање и буџет, а во врска со случувањата со Алта банка, но истата, како што вели Стојаноска, не била свикана, ниту пак било доставено писмено образложение зошто истата не е свикана денес, иако постоела согласност да се одржи надзорната расправа што побрзо за ситуацијата да не се злоупотребува и користи за политикантство.

    „Уште во понеделникот имавме Комисија за финансирање и буџет во Собрание, којашто си имаше свој дневен ред, во текот на комисијата пред усвојување на дневен ред, предложија да се изгласа нивна иницијатива, зборувам за колегите од СДС, за да се одржува надзорна расправа. Малку реагиравме во однос на насловот на надзорната расправа и се договоривме што побрзо да се одржи истата. Требаше денес во 11 часот, и тоа согласно Деловник потпишани сме 1/3 од членовите на Комисијата за финансирање и буџет, меѓукои сум и јас потписник, ниту се свика надзорната расправа, ниту добивме, што согласно Деловник треба да добиеме, писмено образложение зошто не ја свикаа расправата“, образложи Стојаноска.

    Стојаноска во продолжение се надоврза и рече: Можеби очекуваа дека нема да прифатиме да се одржи надзорна расправа. Тие размислуваат фројдовски, како тие што функционирале така мислат дека и ние, дека имаме некоја скриена намера. Па имаа план А, колегата Петрушевски, држеше пресови неколку дена во врска со темава, дека имаат испланирано кој да ја купи банката, но очигледно не им оди тој план, па сега велат: никој да не ја купи, да пропадне и нели политички поени да се собираат.“

    Прочитај повеќе

    Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски е човек кој не верува на институциите

    05.11.2026 во 19:30

    Мицкоски: За оваа хистерија со Алта Банка се лежи 3 години затвор – време е Обвинителството да се позанимава со СДСМ

    05.11.2026 во 15:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.