Close Menu
Press24
    Најново

    Стојаноски: Народна банка го администрира целиот процес со Алта банка, СДС да не шири хистерија

    05.11.2026 во 11:50

    Трајановски: Алта банка е круна на владеењето на ВМРО

    05.11.2026 во 11:48

    Манасиевски: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на неговиот соработник

    05.11.2026 во 11:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стојаноски: Народна банка го администрира целиот процес со Алта банка, СДС да не шири хистерија
    • Трајановски: Алта банка е круна на владеењето на ВМРО
    • Манасиевски: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на неговиот соработник
    • Фатен на дело додека крадел дрва од државна шума: Жител на Подгорци заработи кривична
    • Кривична пријава за дебранец: Со закани и следење се обидел да спречи службеници во преземање деловен објект
    • Димитријевиќ: Славески го постави човекот што ги издавал лиценците во Алта банка
    • ФОТО: Купчиња денари и евра – богата заплена на полицијата во утринската акција во Куманово
    • Кочоска вели банкарскиот сектор е стабилен – Најави повисоки плати во институциите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стојаноски: Народна банка го администрира целиот процес со Алта банка, СДС да не шири хистерија

    Стојаноски: Народна банка го администрира целиот процес со Алта банка, СДС да не шири хистерија

    05.11.2026 во 11:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Утринско еспресо’’ на Радио Лидер дискутираше за актуелните случувања поврзани со Алта банка, притоа посочи дека опозициската СДС шири хистерија, и како што кажа, граѓаните да не се грижат и да бидат спокојни затоа што Народна банка го администрира целиот процес.

    „Ги видов тезите на СДС, вчера ги видов и законите,  ги видов и фактичките ситуации, ги видов и документите од Народна банка и сметам дека денес треба да дадеме детална експликација, бидејќи сметам дека секако постои загриженост кај граѓаните бидејќи најголемата  опозициона партија со денови ја држи таа тема и бесрамно лаже и продуцира факти коишто  се далеку  од вистината  што е нормално  дека граѓаните  ќе имаат паника кога пред само  шест години во државата при вака организиран систем, преку ноќ пропадна банка во којашто штедните влогови и парите на граѓаните, ги обештети  самата држава бидејќи ништо повеќе од  тоа не направи Народната банка или владата  во тој момент, освен што прогласи стечај на банката“, кажа Стојаноски.

    Стојаноски нагласи дека Народна банка превенирала се со цел клиентите коишто имаат сметки во Алта банка да бидат целосно неоштетени.

    „Што е различно од Еуростандард  банка  и од  Алта банка во овој момент? Тогаш Народната банка прогласи дека одзема  лиценца и  ја однесе банката веднаш  во стечај без притоа  да   направи  ништо за да ги  заштити парите  на граѓаните  или  барем   да  понуди банката да ја  купи  друг сопственик како  што   би било  нормално. Додека сега Народната  банка  и  покрај тоа  што се работи  за посебно  народно лице, Алта банка Србија и Алта банка Македонија, за превенција ја презема банката и го администрира целиот процес,  за да    можат  сите клиенти  и сите оние коишто имаат сметки, внатре во Алта банка Македонија да бидат неоштетени и да можат додека таа банка не добие нов сопственик, тој транзиторен период да немаат никакво оштетување. Ниту према своите штедни влогови, ниту према обврските и да можат своите обврски кон банката целосно и секојдневно да ги извршуваат“, рече Стојаноски.

    Прочитај повеќе

    Трајановски: Алта банка е круна на владеењето на ВМРО

    05.11.2026 во 11:48

    Манасиевски: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на неговиот соработник

    05.11.2026 во 11:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.