Close Menu
Press24
    Најново

    Рокас му го предава извештајот на ЕК на Мицкоски – Што забележа Брисел за Македонија?

    05.11.2026 во 08:10

    Пратениците ќе расправаат за нов член на РКЕ

    05.11.2026 во 08:08

    Од денес промена: Важно известување за граѓаните кои имаат сметки во АЛТА банка

    05.11.2026 во 08:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Рокас му го предава извештајот на ЕК на Мицкоски – Што забележа Брисел за Македонија?
    • Пратениците ќе расправаат за нов член на РКЕ
    • Од денес промена: Важно известување за граѓаните кои имаат сметки во АЛТА банка
    • АМСМ со важна информација за возачите – Состојбата на патиштата низ Македонија
    • Студот допрва зема замав – Ќе се спасиме од дождот, па нова промена на времето
    • Млад Арачиновец со товарно возило удрил во возило на МВР
    • Клековски најави формирање комисија за случајот со Ива Михајлова, во ревизијата ќе бидат вклучени и експерти од странство
    • Нетанјаху остана без поддршката од старите сојузници: Се отвора патот на Ајзенкот до премиерскиот мандат
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Рокас му го предава извештајот на ЕК на Мицкоски – Што забележа Брисел за Македонија?

    Рокас му го предава извештајот на ЕК на Мицкоски – Што забележа Брисел за Македонија?

    05.11.2026 во 08:103 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, денеска ќе му го предаде на премиерот Христијан Мицкоски Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата.

    По врачувањето на документот, Мицкоски и Рокас ќе одржат заедничка прес-конференција во Медија-центарот на Владата.

    Извештајот беше презентиран вчера во Брисел, а во него Европската комисија наведува дека Северна Македонија активно се вклучила во новиот План за раст за Западен Балкан и ги интензивирала активностите за реализација на неговите четири столба: постепено вклучување во единствениот пазар на ЕУ, регионална економска интеграција, спроведување суштински реформи и зголемување на финансиската поддршка. Сепак, од Брисел порачуваат дека останува неопходно спроведувањето на клучните реформи поврзани со европската интеграција.

    Во делот на надворешната политика, Комисијата констатира дека земјата ја задржала целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучително и во однос на руската агресија врз Украина. Со тоа, како што се наведува во извештајот, Северна Македонија го потврдила својот стратешки избор за членство во Унијата и се позиционирала како доверлив партнер.

    Во документот се посочува дека земјата продолжила со подготовките за исполнување на условите за отворање на кластерот 1 „Основи на процесот на пристапување“, но без напредок во усвојувањето на уставните измени предвидени со заклучоците на Советот на ЕУ од 2022 година.

    Европската комисија нотира и продолжување на спроведувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, при што Комитетот за стабилизација и асоцијација одржал состанок во април 2026 година, првпат по 2021 година. Воедно, се констатираат добри односи со другите земји од процесот на проширување и континуирано учество во регионалните иницијативи.

    Во извештајот се нагласува и важноста од спроведување на постојните билатерални договори со соседните земји, со добра волја од сите страни. Меѓу нив се наведуваат Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.

    Кога станува збор за владеењето на правото и основните права, Европската комисија оценува дека земјата има умерено ниво на подготвеност и бележи ограничен напредок. Особена загриженост се изразува за состојбата со корупцијата, во чија превенција и сузбивање не е забележан напредок.

    Како проблем се посочуваат и одложувањата во судските постапки за корупција на високо ниво, при што дел од случаите застаруваат, што дополнително ја засилува перцепцијата за неказнивост.

    Претставувајќи го Пакетот за проширување за 2026 година во Брисел, еврокомесарката за проширување Марта Кос изјави дека Северна Македонија ја подобрила подготвеноста за членство во ЕУ и спаѓа меѓу земјите кандидати со високо ниво на усогласеност со европското законодавство.

    Таа посочи дека земјата го забрзала спроведувањето на реформите во рамките на Планот за раст, но дека се потребни дополнителни резултати во борбата против корупцијата и реформата на јавната администрација.

    Кос нагласи дека за деблокирање на пристапните преговори и отворање на првиот кластер „Основи“, Северна Македонија треба да ги усвои уставните измени договорени во 2022 година, со кои е предвидено внесување на малцинствата во Уставот.

    Just In Picks Top News Влада Мицкоски
    Прочитај повеќе

    Пратениците ќе расправаат за нов член на РКЕ

    05.11.2026 во 08:08

    Од денес промена: Важно известување за граѓаните кои имаат сметки во АЛТА банка

    05.11.2026 во 08:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.