Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пратил пушка по брза пошта, таа испукала од пакетот и го повредила поштарот – Бизарен случај во Требиње
    • СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?
    • По една деценија застој: Владата обезбеди 470 милиони денари за завршување на затворениот базен во Охрид
    • ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари
    • Ѓорѓиевски на средба со делегација од Советот на Европа: Фокус на децентрализацијата и финансиското јакнење на општините
    • Мицкоски утре во Шуто Оризари: Пуштање во употреба на новата детска градинка „8 Април“
    • Илон Маск предупредува: Америка ќе банкротира
    • Германија воведува специјална струјна тарифа за гејмери со моќни компјутери
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лимани: Дa ги поддржиме младите и да ги охрабриме оние кои заминале да се вратат

    Лимани: Дa ги поддржиме младите и да ги охрабриме оние кои заминале да се вратат

    30.09.2025 во 13:433 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Владата на Република Северна Македонија денеска се одржа настан по повод промовирање на петгодишната програма 2026–2030 на УНФПА за државата насловен- Демографски трендови – заедничка акција за инвестирање и искористување на човечкиот капитал преку петгодишната програма на Владата и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА).

    Настанот го отвори Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој истакна дека програмата не е само документ или формалност, туку е план за дејствување – визија и стратегија која ќе се реализира со конкретни активности, насочени кон иднината на нашата држава и нашите граѓани.

    „Кога зборуваме за ресурси, често споменуваме рудни богатства, финансии, инфраструктура, енергенси, води или природни богатства. Сето тоа е значајно. Но, најважниот ресурс, ресурсот кој ги движи сите други – тоа е човечкиот капитал. Нема ништо без луѓето. Нема ништо без народот и без демографијата. Владата е свесна за сериозноста на ова прашање и веќе работи на неколку линии. Создадовме највисок економски раст на Балканот– тоа значи нови работни места, поголеми плати и поголеми можности за младите,“ истакна Мицкоски.

    Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани истакна дека со новата петгодишна програма 2026–2030, одобрена од Владата и Извршниот одбор на УНФПА, Северна Македонија влегува во ново поглавје.

    „Нашата цел е едноставна, но голема: да инвестираме во луѓето, во нивниот потенцијал, во нивната иднина. Да ги поддржиме младите за да имаат шанса да учат, да работат и да успеваат токму овде, дома. Да ги охрабриме оние кои заминале да се вратат за да донесат знаење, идеи и нова енергија во земјата. Да ги зајакнеме семејствата бидејќи тие се коренот на секое здраво и стабилно општество. Да создадеме услови во кои секое дете, без исклучок, ќе има еднакви можности за раст и развој. Да изградиме локални заедници кои нудат квалитетен живот, за секој граѓанин да може да ја гледа својата иднина таму каде што живее. Но оваа визија не може да се реализира ако делуваме поединечно. За да успееме, мора да ја градиме иднината заедно. Kога државните институции, локалната самоуправа, граѓанските организации и бизнис-заедницата работат како едно, можеме да ја претвориме програмата во реалност,“ истакна Лимани.

    Директорка на УНФПА за регионот на Источна Европа и Централна Азија, Флоренс Бауер истакна дека новата Програма за државата е прослава на заедничка визија за демографски отпорно и социјално инклузивно општество.

    „Документот е усогласен со националните приоритети на Владата со стратешки фокус кон ставање крај на нееднаквостите, обврската да инвестираме во човечкиот капитал на Северна Македонија и да обезбедиме просперитетна иднина за сите граѓани,“ истакна Бауер.

    Петгодишната програма на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) за периодот 2026-2030 година ќе ја презентираше  Афродита Шаља, шефица на канцеларијата на УНФПА во Северна Македонија.

    Програмата е одобрена од Владата на Република Северна Македонија, усогласена со националните приоритети и заложби со фокус на Националната демографска стратегија 2024-2044 година, како и со Рамката за соработка за одржлив развој меѓу Република Северна Македонија и Обединетите нации, стратешки документ што ја насочува работата на сите агенции на ОН што работат во земјата, во наредните пет години.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?

    06.10.2026 во 17:45

    ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари

    06.10.2026 во 17:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.