Close Menu
Press24
    Најново

    Народната банка воведе ограничувања во Алта банка: Ограничени исплатите за клиентите

    03.11.2026 во 09:33

    Србија пред можност за привремено финансирање – Еве што ќе се случи со исплатата на платите и пензиите

    03.11.2026 во 09:30

    Хакери ја зголемија температурата во фрижидерите на супермаркетите во Европа: Уништени големи количини храна

    03.11.2026 во 09:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Народната банка воведе ограничувања во Алта банка: Ограничени исплатите за клиентите
    • Србија пред можност за привремено финансирање – Еве што ќе се случи со исплатата на платите и пензиите
    • Хакери ја зголемија температурата во фрижидерите на супермаркетите во Европа: Уништени големи количини храна
    • Претреси и апсење на штипскиот универзитет, пронајдени купчиња пари кај раководителот
    • ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Каде бевте кога пропадна Еуростандард банка?
    • Драма во Скопје: Малолетници нападнати од група врсници
    • Бугарија враќа 19 тони македонски јаболка – Откриени пестициди над дозволеното
    • Дневен хороскоп: Девицата се приближува кон важен период, Шкорпијата да се обиде да ужива
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Народната банка воведе ограничувања во Алта банка: Ограничени исплатите за клиентите

    Народната банка воведе ограничувања во Алта банка: Ограничени исплатите за клиентите

    03.11.2026 во 09:333 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во „Алта банка“ Битола, откако биле утврдени околности што можат сериозно да ја доведат во прашање нејзината солвентност и способноста редовно да ги исполнува финансиските обврски.

    Одлуката е донесена на 1 ноември, а за администратори се назначени Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска. Тие ги преземаат надлежностите на Управниот и Надзорниот одбор, како и на Собранието на акционери, со исклучок на одлуките за зголемување на капиталот. Андовски е овластен да ги потпишува одлуките во периодот на привремената администрација.

    Новото раководство има рок од 21 ден да направи целосна процена на финансиската и оперативната состојба на банката и да достави извештај до Извршниот одбор на Народната банка. Во следните три месеци администраторите ќе вршат контрола и врз исплатата на општите и административните трошоци, за кои ќе биде потребно нивно претходно одобрение.

    Мерката има цел да се обезбеди продолжување на работењето на банката и да се заштитат средствата и интересите на штедачите и останатите доверители до решавањето на сопственичката состојба.

    Во меѓувреме, воведени се ограничувања за располагањето со парите на клиентите. Физичките лица ќе можат неделно да подигнуваат готовина и да плаќаат со картички издадени од банката кај трговци во вкупен износ до 10.000 денари. Сепак, префрлањето средства меѓу сметки на физички лица во рамките на банката останува неограничено.

    За компаниите важат поинакви правила. Правните лица ќе можат без ограничување да вршат внатрешни трансакции кон други сметки во банката, но нема да можат да испраќаат пари надвор од неа преку домашните платни системи, ниту да подигнуваат готовина од банкоматите и шалтерите.

    Приливите од странство преку СЕПА и кореспондентното банкарство ќе продолжат непречено, додека исплатите кон странство привремено се суспендирани и за граѓаните и за компаниите.

    Од Народната банка потсетуваат дека депозитите на физичките лица се осигурени преку Фондот за осигурување депозити до 30.000 евра, согласно законските прописи. Клиентите кои имаат кредитни обврски кон банката треба да продолжат редовно да ги отплаќаат.

    Во врска со иднината на банката, гувернерот Трајко Славески вчера информираше дека е формиран тим од седум вработени во Народната банка кој ќе го следи нејзиното работење. Тој посочи дека сопственикот од Белград бил известен дека треба да ги понуди акциите на продажба, а доколку тоа не се случи, Народната банка ќе организира нивна продажба преку аукција. Според Славески, веќе постои интерес од потенцијални купувачи.

    Од централната банка апелираат клиентите да ги следат официјалните информации и да не преземаат чекори врз основа на непроверени тврдења. Оттаму предупредуваат дека масовното и непотребно повлекување средства не е во интерес на штедачите.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Каде бевте кога пропадна Еуростандард банка?

    03.11.2026 во 09:09

    Драма во Скопје: Малолетници нападнати од група врсници

    03.11.2026 во 09:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.