Полициски службеници од штипската полиција од утрово вршат претреси на повеќе локации во Штип и Скопје по сомнение за манипулација со испити и други постапки пред службите на Универзитетот Гоце Делчев во Штип.
Според неофицијалните информации до кои дојде Press24 по сомнение е едно лице кое било вработено на Универзитетот како раководител на ИТ секторот. Според сомненијата, ова лице подолг период манипулирало со внесување бодови од испити, запишување семестри без услови, бришење оценки, за што добивало одреден паричен надомест. Според првичните инфорамции, ваквите „услуги“ ги нудел главно на студенти од Турција кои во значителен број студираат на овој универзитет.
Нашите извори откриваат дека при претресите пронајдена била голема сума на пари во домот на осомничениот.
МВР го потврди случајот и најави повеќе детали во текот на денот
- Трамп го нападна Иран пред изборите – овој потег би можел да го промени текот на војната
- Спасовски се прости од Самка Ибраимовски: „Ќе го паметам како голем борец”
- Народната банка воведе ограничувања во Алта банка: Ограничени исплатите за клиентите
- Србија пред можност за привремено финансирање – Еве што ќе се случи со исплатата на платите и пензиите
- Хакери ја зголемија температурата во фрижидерите на супермаркетите во Европа: Уништени големи количини храна
- Претреси и апсење на штипскиот универзитет, пронајдени купчиња пари кај раководителот
- ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Каде бевте кога пропадна Еуростандард банка?
- Драма во Скопје: Малолетници нападнати од група врсници

