Close Menu
Press24
    Најново

    Врховниот суд ги укина пресудите за модуларната болница во Тетово, предметот се враќа на повторно судење

    30.10.2026 во 18:46

    Јаневска ги отфрли обвинувањата за „Стив Наумов“: Студентите престојуваат во современ објект, дефектите ќе се отстранат

    30.10.2026 во 18:26

    Николовски: Владата го одби амандманот на СДСМ за дополнителни милијарда денари за земјоделците

    30.10.2026 во 18:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Врховниот суд ги укина пресудите за модуларната болница во Тетово, предметот се враќа на повторно судење
    • Јаневска ги отфрли обвинувањата за „Стив Наумов“: Студентите престојуваат во современ објект, дефектите ќе се отстранат
    • Николовски: Владата го одби амандманот на СДСМ за дополнителни милијарда денари за земјоделците
    • Димитриеска Кочоска го презентираше Буџетот за 2027
    • Дебар: Три деца начекале незаклучен автомобил со клуч на брава, па го украле
    • Утре 7 часа ќе нема струја – најавени исклучувања во повеќе населени места
    • Го отрула семејството на ручек – Судот и ја изрече најстрогата казна
    • Организирале протести преку Телеграм, повикувале на грабежи и вандализам – апсења во Шпанија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Врховниот суд ги укина пресудите за модуларната болница во Тетово, предметот се враќа на повторно судење

    Врховниот суд ги укина пресудите за модуларната болница во Тетово, предметот се враќа на повторно судење

    30.10.2026 во 18:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Врховниот суд ги укина пресудите на Основниот суд Тетово и Апелациониот суд Гостивар за случајот со модуларната болница во Тетово и го врати предметот на повторно постапување и одлучување пред првостепениот суд.

    Одлуката била донесена на седница на Советот за казниви дела на 22 октомври, откако судот ги уважил барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, поднесени од осудените преку нивните бранители.

    „Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, на седницата одржана на ден 22.10.2026 година, донесе пресуда во предметот КВП2-36/26 (во јавноста познат како Модуларна болница Тетово), со која ги уважи барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на осудените, поднесени преку нивните бранители“, се наведува во соопштението.

    Со оваа одлука се укинати пресудата на Основниот суд Тетово од 16 мај 2025 година и пресудата на Апелациониот суд Гостивар од 26 ноември 2025 година.

    Истовремено, Врховниот суд го отфрлил како недозволено барањето за вонредно преиспитување поднесено од обвинетото правно лице ЈЗУ Клиничка болница Тетово. Предметот повторно ќе се разгледува пред Основниот суд Тетово.

    Во пожарот во модуларната болница загинаа 14 лица кои се лекуваа од ковид-19, а 12 беа повредени. Предметот претходно веќе еднаш беше вратен на повторно судење со одлука на Апелациониот суд Гостивар.

    Во втората жалбена постапка, во декември 2025 година, затворските казни за поранешните директори Фљорин Бесими и Артан Етеми беа зголемени од една и пол на три години затвор, додека паричната казна за Клиничката болница Тетово беше зголемена од еден на 1,3 милиони денари.

    Прочитај повеќе

    Јаневска ги отфрли обвинувањата за „Стив Наумов“: Студентите престојуваат во современ објект, дефектите ќе се отстранат

    30.10.2026 во 18:26

    Николовски: Владата го одби амандманот на СДСМ за дополнителни милијарда денари за земјоделците

    30.10.2026 во 18:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.