Вчера во Тетово, полициски службеници лишија од слобода 17-годишен и 16-годишен малолетник од Тетово, соопштија од МВР.
Околу 12:30 часот во близина на трговски центар во Тетово, двајцата малолетници физички го нападнале М.Ш.(62) од с.Одри, тетовско и му одзеле пари. 62-годишникот успеал да го задржи 17-годишникот, при што тој со остар предмет му нанел повреда. Во моментот на настанот поминувала полициска патрола и го лишиле од слобода напаѓачот. Подоцна, по преземени мерки, во 16:15 часот на ул.„Вон Вадарска“ во Тетово бил пронајден и лишен од слобода и 16-годишникот.
Тие се задржани во полициска станица, бил известен јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.
- Драма кај трговски центар во Тетово: Малолетници нападнале и ограбиле 62-годишен маж – едниот го повредил со остар предмет
- Двајца малолетници паднале од електричен тротинет – едниот со тешки повреди
- Тренчевска за амандманите на СДСМ: Посебниот додаток за децата со попреченост да се зголеми за 15%
- Ограбена аптека во Центар
- Ристески: Дигитализација и иновациите се неопходни за компаниите да опстанат и да бидат конкурентни
- ДИК на седница усвои барање за акредитација за набљудувачи на изборите во Брвеница
- Превентивни мерки во Германија: Луксузните продавници ги заштитуваат излозите пред протестите на „Генерацијата З“
- Серафимовски: Подготвуваме модел за системско поврзување на науката со поддршката за земјоделците

