Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски за изборите во Брвеница: Очекувам победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата

    30.10.2026 во 13:07

    Подгответе ги чадорите: Од утре дожд

    30.10.2026 во 12:43

    Победа на зеленилото над бетонизацијата: Во Бутел отворен новиот мега парк „Бутелска оаза“

    30.10.2026 во 12:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски за изборите во Брвеница: Очекувам победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата
    • Подгответе ги чадорите: Од утре дожд
    • Победа на зеленилото над бетонизацијата: Во Бутел отворен новиот мега парк „Бутелска оаза“
    • Муцунски оствари средба со унгарскиот специјален пратеник Клеин: Потврдена стратешката соработка и европската перспектива
    • Дурмиши: Женското претприемништво мора да стане двигател на регионалниот економски развој
    • ЦУК: Јавете се на 112 само кога е итно – имаме повици за административни прашања
    • Нов инцидент на Блискиот Исток: Танкер погоден од чамец со експлозив во Ормускиот Проток
    • Се натовариле со дрва – Македонската полиција ги фати на дело
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски за изборите во Брвеница: Очекувам победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата

    Мицкоски за изборите во Брвеница: Очекувам победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата

    30.10.2026 во 13:073 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска ќе имаме завршно обраќање пред жителите на Брвеница. ВМРО-ДПМНЕ во секоја кампања влегува со цел да победи, така и во оваа кампања во Брвеница, во вториот круг. Во првиот круг имавме најмногу гласови, речиси 3000, очекуваме тој број на гласови да го зголемиме, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на вториот круг за избор на градоначалник на општина Брвеница.

    -Нашата цел е да бидеме над 4000 гласа и со тоа цениме дека ќе имаме победа во Брвеница. ВМРО-ДПМНЕ заедно со Коалицијата секогаш во избори влегува за да победи. Ние за разлика од политичките партии кои што се обединија околу против кандидатот, се обраќавме на жителите на Брвеница. Тие создаваа етничка поделба, без притоа да водат сметка дека тие ќе заминат на 2-ри, а таму ќе останат луѓето да живеат. И Македонци, и Албанци и останати. И христијани и муслимани. За жал, водеа една таква кампања која што не доликува за 21 век, но тоа е што е. Тие ценат дека така ќе добијат градоначалник повеќе во Брвеница, истакна премиерот.

    Мицкоски рече дека таквите политичари имале можност повеќе од две децении да направат нешто, но оставиле нула.

    -Мојата порака и до жителите на Брвеница и до македонската јкавност е дека кога одлучуваат за кого да го дадат својот глас треба да одлучуваат дали да го дадат за оние кои што имнаа можност во минатото повеќе од две децении да направат нешто, а не направија ништо, односно оставија нула и за овие кои што сега прават се ко што во минатото не било направено и тука нема етничка поделба. Заради тоа, јас би скал уште еднаш да упатам порака до жителите на Брвеница и до жителите на Македонија дека ако сакаме да одиме напред мораме да зборуваме за проект повеќе и да зборуваме за додадена вредност во квалитет на животот на граѓаните, а не да се враќаме на полиотики на минатиот век, појасни Мицкоски.

    Премиерот очекува изборниот ден да помине мирно и без инциденти и со тоа да покажеме де сме здрела демократија.

    -Тие се гума за спасување на политичари кои припаѓаат во минатиот век и тие така ја гледаат оваа кампања во Брвеница. Но, на крајот на денот во недела ќе видиме каков ќе биде резултатот. Очекувам да мине мирно, да нема инциденти и на тој начин да покажеме дека сме здрела демократија, што всуштост и го покажуваме биидејќи, мирот кај нас не доведен под знак прашалник додека во околината, во соседството и насекаде во европа имаме прилично тензична состојба во одредени глрадови, рече Мицкоски

    Прочитај повеќе

    СДСМ до Муцунски: „За Ива Михаилова остри пораки, за Груевски тишина”

    30.10.2026 во 10:04

    ВМРО-ДПМНЕ: Осум квартали без негативен раст во градежништвото

    30.10.2026 во 10:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.