Сообраќајна незгода се случила предмалку во центарот на Скопје, во близина на Собранието, каде се судриле мотоцикл и такси возило.
Засега нема официјални информации дали во судирот има повредени лица, ниту кои се причините за несреќата.
Се очекуваат повеќе информации за околностите на сообраќајката и состојбата на учесниците.




ФОТО: Press24

