Тешки деделикатност и физички напади врз малолетници ги алармираа социјалните служби и СВР Скопје и Куманово.
Кумановската полиција комплетираше пријава за тешко кривично дело против половиот интегритет, откако беше разоткриено дека маж со месеци вршел полови дејствија врз малолетно дете.
Истовремено, скопската полиција постпаува по пријава за системско семејно малтретирање од страна на мајка врз сопствената ќерка.
Инциденти се забележани и во образовните установи во Скопје, каде се пријавени блудни дејствија на голем одмор и физички напад врз вработена во средно училиште.
За сите случаи се преземаат законски мерки од страна на полициските службеници.
- „СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Р. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете коешто не наполнило 15 години“… Во СВР Скопје е пријавено физичко и психичко малтретирање од сопруга врз малолетна ќерка… Во Центар пријавен блуден контакт меѓу малолетници за време на одмор… а во Карпош физички нападната вработена во средно училиште Б.Ш.(50) од страна на малолетник…“, стои во полицискиот билтен.

