Close Menu
Press24
    Најново

    Печурки, табелети, марихуана, хероин: Што сѐ пронајде полицијата за 24 часа?

    29.10.2026 во 13:27

    Муцунски за Ива Михаилова: Непристојно е земја-членка на ЕУ да станува прибежиште од македонското правосудство

    29.10.2026 во 13:11

    Филипче до Мицкоски: Знам дека ти е тешко, ти го снема и вториот ментор од Србија

    29.10.2026 во 13:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Печурки, табелети, марихуана, хероин: Што сѐ пронајде полицијата за 24 часа?
    • Муцунски за Ива Михаилова: Непристојно е земја-членка на ЕУ да станува прибежиште од македонското правосудство
    • Филипче до Мицкоски: Знам дека ти е тешко, ти го снема и вториот ментор од Србија
    • Мицкоски: По шест месеци од најавените скандали за унгарскиот кредит, нема ни „к“ од криминал – ДЗР потврди дека парите се за македонската економија
    • Мицкоски до Филипче: Ние го враќаме тоа што вие го распродадовте
    • Гаши за изборите во Брвеница: Нека победи најдобриот и нека им служи на сите граѓани
    • Руската амбасада ги отфрла обвинувањата на АНБ за пропагандна мрежа во Македонија
    • Клековски: За операција на очите плаќал Фондот, ама плаќале и пациентите – детали за големата акција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Печурки, табелети, марихуана, хероин: Што сѐ пронајде полицијата за 24 часа?

    Печурки, табелети, марихуана, хероин: Што сѐ пронајде полицијата за 24 часа?

    29.10.2026 во 13:271 Min Read
    Царина
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Психоактивни печурки, бела грутчеста материја, куп марихуана и таблети заплени полицијата во бран претреси и акциски контроли низ неколку градови во државата.

    Најопипливиот упад се случи во Струмица, каде по првичното приведување на 53-годишниот Б.Б., инспекторите со судска наредба упаднаа во неговиот дом и открија 13 бели печурки со психоактивни својства кои веднаш се испратени на вештачење.

    Во исто време, контролата во Казнено-поправната установа Затвор Прилеп разоткри затворски шверц – кај 39-годишниот осуденик М.Б. од Велес била пронајдена криена грутчеста материја зад решетките.

    Затворски отсутник, пак, заврши зад решетки во Велешко. 27-годишниот битолчанец А.О., кој иако издржувал затворска казна користел слободен викенд, бил пресретнат во Градско со цела палета опијати: бела прашкаста и грутчеста материја, канабис и таблети, по што експресно е вратен во Затвор Скопје.

    Акцијата се прошири и во главниот град и другите општини, каде беа уапсени М.Ф. (24) и А.А. (65) во Скопје, Џ.П.(44) и малолетник во Прилеп, В.З. (26) во Кочани и Е.В. (19) во Струмица, сите затекнати со марихуана и бела прашкаста материја.

    По целосно документирање на сите поединечни случаи, СВР Скопје, СВР Струмица и ОВР Прилеп ќе поднесат кривични пријави за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

    Прочитај повеќе

    Нови детали: За операции на очи наплаќале и од пациентите и од Фондот – под сомнение екс директорот на ФЗОМ Ден Дончев

    29.10.2026 во 10:45

    Акција на „Таск форс“ во Македонија: Приведени две лица

    29.10.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.