Close Menu
Press24
    Најново

    ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот

    29.10.2026 во 11:06

    Полицијата нема да признава лична карта и возачка дозвола на телефон – граѓаните мора да ги носат пластичните

    29.10.2026 во 11:04

    На едно место постудено, на друго потопло – УХМР ги измери температурите, најавува „потоп”

    29.10.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот
    • Полицијата нема да признава лична карта и возачка дозвола на телефон – граѓаните мора да ги носат пластичните
    • На едно место постудено, на друго потопло – УХМР ги измери температурите, најавува „потоп”
    • Нови детали: За операции на очи наплаќале и од пациентите и од Фондот – под сомнение екс директорот на ФЗОМ Ден Дончев
    • Акција на „Таск форс“ во Македонија: Приведени две лица
    • Уште време за аплицирање: Продолжени конкурсите за финансирање проекти во културата
    • Ревизија со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит
    • Македонската полиција му затропала на врата: 60-годишен маж ќе лежи во затвор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот

    ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот

    29.10.2026 во 11:06Updated:29.10.2026 во 11:083 Mins Read
    ОКТА
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Внимавај за да стигнеш. За да стигнеме сите“ е главната порака на новата општествено одговорна кампања во рамки на едукативната платформа „Јас внимавам“, која започнува на 29 октомври. Кампањата ќе ја спроведува ОКТА, во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР) и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБПС).

    Тргнувајќи од идејата дека во сообраќајот секој од нас е дел од поширока целина, кампањата става акцент на вниманието, присутноста и одговорноста за сопствената безбедност, но и за безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

    Преку платформата „Јас внимавам“, ОКТА континуирано инвестира во подигнување на јавната свест за поголема безбедност во сообраќајот. Годинава, кампањата е насочена кон поттикнување поголема лична одговорност и самосвесност кај сите учесници, охрабрувајќи ги да застанат за момент и да размислат што можеби превидуваат додека управуваат возило, преминуваат улица или се движат со велосипед, мотоцикл или тротинет.

    „Веруваме дека преку одговорно однесување и поголема грижа кон луѓето околу нас можеме заеднички да придонесеме кон побезбедна сообраќајна средина. Бидејќи, нашата цел не е секој поединец безбедно да стигне до својата дестинација, туку сите безбедно да стигнеме до својата цел“, изјави Димитриос Пасхос, главен извршен директор на ОКТА.

    Со креативниот концепт „Што пропушташ кога не внимаваш?“, кампањата ги поттикнува граѓаните да препознаат ризици што лесно остануваат незабележани во сообраќајот, како и опасностите од одвлекување на вниманието, особено од мобилните телефони. Кампањата ќе се спроведува преку различни комуникациски канали, како и преку теренски активности насочени кон подигнување на свеста за важноста на безбедното учество во сообраќајот.

    „Безбедноста во сообраќајот започнува со почитување на правилата, но и со свесност дека секоја наша постапка може да влијае врз другите. Возачите треба постојано да ја следат сообраќајната ситуација, да ги проверуваат ретровизорите и мртвите агли и да не дозволат мобилниот телефон или други фактори да им го одвлечат вниманието. Истовремено, сите учесници треба да бидат внимателни и одговорни во своето движење. Преку поддршката на кампањата „Јас внимавам“ сакаме дополнително да ја нагласиме важноста на превенцијата и на одговорното однесување во сообраќајот“, изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

    Посебен акцент во кампањата се става на видливоста и правилната процена на ризиците. Не е доволно само да ги забележуваме другите учесници во сообраќајот, туку важно е и самите да бидеме видливи, да ги почитуваме правилата и да не претпоставуваме дека другите секогаш нè забележале. Ова е особено значајно за пешаците, велосипедистите и корисниците на тротинети, кои се повеќе изложени на ризици во сообраќајот.

    „Секојдневното учество во сообраќајот бара постојано внимание, добра процена и одговорност. Затоа е важно да не се потпираме на претпоставки, туку да провериме уште еднаш, да го насочиме вниманието кон патот и да бидеме свесни за сите околу нас. Со ваквите иницијативи сакаме да поттикнеме сообраќајна култура во која секој учесник се грижи не само за сопствената, туку и за безбедноста на другите“, изјави Горан Ангеловски, претседател на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

    ОКТА официјално започна со спроведување на националната платформа „Јас внимавам“ во 2017 година, со цел да придонесе кон подигнување на јавната свест за безбедноста во сообраќајот и развивање поодговорни навики кај сите учесници. Во изминатите години, преку едукативни активности, кампањи и конкретни иницијативи, компанијата поддржа различни аспекти на сообраќајната безбедност – од едукација на децата и обезбедување рефлектирачки ознаки за првачињата, до подобрување на безбедноста на пешаците и поддршка за ранливите категории учесници во сообраќајот.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Полицијата нема да признава лична карта и возачка дозвола на телефон – граѓаните мора да ги носат пластичните

    29.10.2026 во 11:04

    На едно место постудено, на друго потопло – УХМР ги измери температурите, најавува „потоп”

    29.10.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.