Двајца мажи на возраст од 40 и 22 години биле приведени во Врапчиште, откако полицијата при контрола на такси-возило пронашла дрога и предмет со остатоци од кокаин.
Случајот се случил на 28 октомври околу 17 часот, кога мобилниот тим „Task Force“ запрел такси со гостиварски регистарски ознаки во кое се превезувале двајцата мажи.
При извршениот преглед, кај 40-годишниот К.С. од Гостивар била пронајдена и одземена марихуана, додека кај 22-годишниот Н.Б. од селото Врбјани бил пронајден предмет со остатоци од кокаин.
Двајцата биле задржани во полициска станица, а по целосното документирање на случајот се очекува да следуваат соодветни поднесоци.

