Државниот завод за ревизија даде позитивна оценка за управувањето со 250 милиони евра од унгарскиот кредит, наменети за поддршка на домашните компании. Парите се дел од заемот што Владата го договори со Унгарија во 2024 година, со камата од 3,25 проценти, додека компаниите ги добиваат со повластена камата од 1,95 проценти.
Според ревизијата, до април биле одобрени 767 проекти во вредност од над 227 милиони евра, од кои најмногу се на малите претпријатија, но најголем дел од парите, 33 проценти, се насочени кон големите компании.
Ревизорите утврдиле дека Развојната банка постапувала во согласност со законските прописи, но ревизијата не ги оценува економските ефекти од инвестициите

