Close Menu
Press24
    Најново

    На едно место постудено, на друго потопло – УХМР ги измери температурите, најавува „потоп”

    29.10.2026 во 10:52

    Нови детали: За операции на очи наплаќале и од пациентите и од Фондот – под сомнение екс директорот на ФЗОМ Ден Дончев

    29.10.2026 во 10:45

    Акција на „Таск форс“ во Македонија: Приведени две лица

    29.10.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • На едно место постудено, на друго потопло – УХМР ги измери температурите, најавува „потоп”
    • Нови детали: За операции на очи наплаќале и од пациентите и од Фондот – под сомнение екс директорот на ФЗОМ Ден Дончев
    • Акција на „Таск форс“ во Македонија: Приведени две лица
    • Уште време за аплицирање: Продолжени конкурсите за финансирање проекти во културата
    • Ревизија со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит
    • Македонската полиција му затропала на врата: 60-годишен маж ќе лежи во затвор
    • Финансиски злоупотреби во здравството – Под лупа и компанија со три болници во Скопје
    • ФОТО: Почина долгогодишен член на СДСМ – Оливер Спасовски со тага се прости од него
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Светски ден на мозочниот удар: Бесплатни доплер-прегледи и мерења за рано откривање

    Светски ден на мозочниот удар: Бесплатни доплер-прегледи и мерења за рано откривање

    29.10.2026 во 08:181 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со едукативни и превентивни активности, денеска се одбележува Светскиот ден на мозочниот удар, со цел да се подигне свеста за важноста на навременото препознавање на симптомите и брзото реагирање.

    По тој повод, Универзитетската клиника за неврологија организира централен настан на Медицинскиот факултет, на кој ќе присуствуваат министерот за здравство Сашо Клековски, директорот на Фондот за здравствено осигурување Златко Перински и директорот на Клиниката за неврологија, д-р Јован Божиновски.

    Од Клиниката посочуваат дека мозочниот удар останува сериозен јавно-здравствен предизвик, поради што превенцијата, контролата на ризик-факторите и навременото лекување се од клучно значење за намалување на последиците и спасување животи.

    Во пресрет на одбележувањето, Клиниката во изминатите два дена спроведе активности за информирање на граѓаните за ризиците, симптомите и можностите за превенција.

    Вчера, во просториите на Клиниката беше организиран Отворен ден, во чии рамки граѓаните имаа можност да направат бесплатни доплер-прегледи на каротидните артерии. Претходно, на плоштадот „Македонија“, беа организирани бесплатни мерења на крвниот притисок, шеќерот и холестеролот во крвта, како и проценка на ризикот од мозочен удар.

    Со овие активности, Клиниката за неврологија ја истакнува важноста на редовните превентивни прегледи, здравствената едукација и навременото барање медицинска помош при појава на предупредувачки симптоми.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    На едно место постудено, на друго потопло – УХМР ги измери температурите, најавува „потоп”

    29.10.2026 во 10:52

    Нови детали: За операции на очи наплаќале и од пациентите и од Фондот – под сомнение екс директорот на ФЗОМ Ден Дончев

    29.10.2026 во 10:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.