На 27.10.2026 во 23:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Матејче го лишија од слобода А.С.(27) од с.Лојане, општина Липково.
Тој бил затекнат во с.Лојане при обид да купи дрога од Б.М..
Во обид да извршат проверки над нив, Б.М. го стартувал патничкото возило „бмв“ и од прозорец нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, по што побегнал.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

