Close Menu
Press24
    Најново

    Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите

    28.10.2026 во 18:46

    Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало

    28.10.2026 во 18:39

    Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември

    28.10.2026 во 18:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите

    Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите

    28.10.2026 во 18:464 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Мобилната апликација m.Uslugi е активна и е достапна за сите корисници на Андроид и на IOS уредите. Достапни се три електронски услуги и тоа електронска лична карта, електронска верзија на возачката дозвола, што се преземаат од базите на Министерството за внатрешни работи, како и обрасците М1, М2 и М4.

    – Планот е да ги детектираме услугите на порталот uslugi.gov.mk кои се најкористени и да ги префламе една по една на мобилната апликација. Во моментот ниедна апликација во Македонија нема можност за плаќање, и на тоа работиме во периодот што следи. Се надевам дека ќе успееме. Штом тоа го успееме ќе ги внесуваме апликациите што се со административна такса. Во моментов ќе внесуваме апликации кои не бараат од вас да платите – изјави министерот за дигитална трнасформација Стефан Андоновски на денешната промоција на мобилната апликација.

    Зборувајќи за искуството од други држави, министерот кажа дека и други државни апликации како мое здравје, мојот данок, мој ДДВ, локална самоуправа се надградувале и оти очекува дека тоа ќе се случува и кај нас во периодот што следи.

    Сите институции што имаат објавено своја услуга на Националниот портал uslugi.gov.mk сметаме дека се подготвени да бидат и на м-услуги.

    – Тие и во моментов не забележуваат од каде им доаѓа барањето за конкретната услуга. Тоа го работиме ние. Оние услуги кои немаат внатрешни системи со коишто работиме ќе им треба повеќе време да стасаат – рече министерот.

    Доколку во апликацијата се појави грешка граѓаните можат да постават прашање на модулот во самата апликација или да се обратат до контакт центарот на Националниот портал uslugi.gov.mk.

    – Ниту една апликација не е совршена, не е ни оваа, на ниво е на сите мобилни апликации во државата и пошироко, оценета со одлични оценки и од аспект на сајбербезбедност, но секако доколку постои грешка и во рамки на апликацијата постои модул за прашања и граѓаните можат да се обратат Националниот портал uslugi.gov.mk во контакт центарот за да им помогнат нашите вработени – рече Андоновски.

    Во однос на начинот на воведување и законските основи, министерот посочи дека ќе има процес на адаптација и дека ова е фазно воведување, а во моментот дигиталниот паричник е уреден со Законот за електронски документи и електронска идентификација во членот 20 г.

    – Со измените таму се смета дека дигиталниот паричник служи за идентификација на граѓаните, што значи дека со податоците што ќе ги содржи граѓаните ќе може да се идентификуваат. Не се променети законот за лична карта и за безбедност во сообраќајот, но тие не мора да се менуваат. Поважно е да се менуваат правилниците, но има и група на други правилници и закони кои до ден денеска бараат и фотокопија од лична карта. Тие ќе треба постапно да ги менуваме и тоа е процес што ќе трае во периодот што следи. Многу повеќе ќе биде предизвик техничкото прифаќање на дигиталниот паричник од институциите, најмногу заради нивните внатрешни системи – посочи Андоновски.

    Секоја од тие институции и вработените ќе треба да имаат систем и апликацијата кај себе за да можат да скенираат дигитален паричник за да може да му ги препознае податоците. – Но, овој процес траел неколку години во други држави, ќе трае некое време и кај нас, но имаме подготвеност и институција, по институција, приватниот сектор, државата ќе почнеме да ги прифаќаме – рече министерот.

    -Меѓународно, ние сме една од првите држави во регионот што ова го реализира и обврска ни е до декември 2027 да имаме пристапност до европскиот дигитален паричник што ќе значи прифаќање на електронските документи. Таму се сите и дипломи, и сертификати и уверенија – рече тој.

    На пример, појаснува Андоновски, доколку денеска не запре сообраќајна полиција не може да се идентификуваме со електронската лична карта бидејќи нема можност како да не провери дали нашиот дигитален паричник е валиден.

    – Во моментот кога МВР ќе биде подготвено за тоа, ќе известиме, ќе ги промениме и подзаконските акти во МВР кои се однесуваат на лична карта и на возачката. На пример, во други држави први почнале да ги прифаќаат банки, влегување во локали, купување на услуги од супер маркети – рече Андоновски по денешната промоција.

    Прочитај повеќе

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.