Директор на јавно претпријатие во Делчево доби кривична пријава поради злоупотреба на службената положба.
Како што се наведува во полицискиот билтен, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднела кривична пријава против С.С. од Делчево, директор на Јавно комунално претпријатие „Брегалница“ – Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување‘‘.
Имено, ријавениот, ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што во текот на јуни и јули 2025 година, без согласност од раководител, одобрил вработена да искористи 15 работни денови од остварени вишок работни часови, а кои всушност ги немала изработено.

