Двајца млади велешани се здобиле со тешки телесни повреди откако со патничко возило излетале од коловозот и удриле во дрво на улицата „Вардарска“ во Велес.
Сообраќајната несреќа во Полициската станица Велес била пријавена синоќа, на 27 октомври, во 23:40 часот.
Според информациите од МВР, во инцидентот учествувало патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот Б.Т. од Велес, во кое како сопатник се превезувал и неговиот сограѓанин Д.П. (27).
По ударот, двајцата со тешки телесни повреди биле пренесени во Општата болница во Велес, каде што им била укажана медицинска помош и биле констатирани повредите.
На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Велес, а полицијата ги утврдува причините и околностите кои довеле до сообраќајната незгода.

