Полициски службеници од ОВР Кратово вчера претпладне ја лишиле од слобода 41-годишната С.Д.Б. од Кратово по пријава за инцидент на познатиот локалитет.
Апсењето било извршено во 11:30 часот, откако претходно било пријавено дека жената се обидела неовластено да наплаќа билети за влез во локалитетот „Камени кукли“.
Според информациите од полицискиот билтен, таа им упатувала и закани на лицата Р.П. и Ј.Б. од Скопје.
Претходно истата жена беше приведена поради истата причина неовластена наплата на билети и физички напад поради паркинг простор.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на сите детали околу случајот, против приведената ќе следува соодветен поднесок.

