Времето утре променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, соопштија од УХМР.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.
Од УХМР соопштија дека следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи се очекуваат во недела и почетокот на следната седмица. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла.
До крајот на периодов ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

