Две државјанки на Перу, на возраст од 27 и 26 години, биле приведени на граничниот премин Ќафасан откако при контрола во комбето со кое патувале била пронајдена марихуана.
Случајот бил откриен на 27 октомври, кога двете жени влегувале во земјава. При прегледот, во багажот на 27-годишната жена биле пронајдени две пакувања со марихуана, додека кај нејзината 26-годишна сопатничка било откриено уште едно пакување од истата дрога.
Двете биле спроведени во Полициската станица во Струга, каде што биле задржани за понатамошна постапка.
Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

