Синоќа во скопската населба Чаир се случил вооружен грабеж во продажен објект, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Разбојникот влегол во продавницата и со закана со огнено оружје успеал да ги одземе парите.
– Синоќа во 21:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Чаир во Скопје, едно лице со закана од огнено оружје кон вработената го одзел дневниот промет, информираат од полицијата.
Од МВР истакнуваат дека се преземаат сите потребни мерки за расчистување на случајот и откривање на сторителот.

