Close Menu
Press24
    Најново

    Нови цени на горивата од полноќ

    26.10.2026 во 09:20

    Падна македонски камионџија во Франција – во камионот имало 68 кг кокаин

    26.10.2026 во 15:30

    Коалиција менуваме: Додека Орце Ѓорѓиевски ужива во сендичот, Скопје за лицата со попреченост останува град останува со пречки

    25.10.2026 во 11:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Студен ден во Македонија, УХМР ги измери температурите – Очекувајте дожд и снег
    • „Нов свет, ново лидерство“: Иванов ја отвори Школата за млади лидери
    • Разорни ветрови удрија преку ноќ во Анталија: Торнадо погоди контејнери каде што спиеле работници, четворица загинаа
    • Жените денеска никако не смеат да направат една работа – Важно народно верување за Петковден
    • Сите училишта и градинки во Центар ќе добијат фотоволтаици
    • Ужас во болница во Загреб: На жена ѝ е отстранет целиот желудник поради рак што го немала – Обвинителството бара затворска казна
    • Од кризите во светот до проблемите на младите: Средба на Сиљановска со алумни од Харвард
    • Вонредно предупредување во Грција: Прогласен црвен аларм во девет области
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Автомобил се заби во група луѓе кај Хановер, полицијата пукала но осомничените побегнале

    Автомобил се заби во група луѓе кај Хановер, полицијата пукала но осомничените побегнале

    27.10.2026 во 09:281 Min Read
    ФОТО: AI Generated
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Најмалку четири лица се повредени откако автомобил удрил во група луѓе во градот Нојштат ам Рибенберге, во близина на германскиот град Хановер, објави весникот „Билд“. Според првичните информации, ниеден од повредените не е во животнозагрозувачка состојба, иако дел од нив се здобиле со посериозни повреди и веднаш се пренесени во болница.

    Инцидентот се случил непосредно пред полноќ, а полициски службеници кои вршеле рутинска сообраќајна контрола во близина, веднаш интервенирале и отвориле оган врз возилото во обид да го запрат. Напаѓачите сепак успеале да побегнат од местото на настанот.

    Првичните наоди од истрагата укажуваат дека лицата меѓусебно се познавале и дека групата била конкретна цел на нападот. На местото на инцидентот останало оштетеното возило, а оштетени се и неколку други автомобили, од кои некои се со дупнати гуми и скршени стакла.

    Полицијата, заедно со противпожарните и медицинските екипи, веднаш го обезбедила теренот. Во обемната потрага по осомничените беа вклучени хеликоптер и полициски кучиња, а локацијата беше блокирана неколку часа поради прибирање форензички докази.

    Точниот број на лица кои биле во возилото сè уште не е утврден, а потрагата по нив досега не дала резултати. Полициската истрага за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности е во тек.

    Прочитај повеќе

    Разорни ветрови удрија преку ноќ во Анталија: Торнадо погоди контејнери каде што спиеле работници, четворица загинаа

    27.10.2026 во 10:25

    Ужас во болница во Загреб: На жена ѝ е отстранет целиот желудник поради рак што го немала – Обвинителството бара затворска казна

    27.10.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.