Маж и неговата сопруга биле физички нападнати во Шуто Оризари, а случајот бил пријавен во полиција.
Според информациите од МВР, 25-годишниот С.И. пријавил дека вчера, на 26 октомври, околу 2 часот по полноќ, тој и неговата 21-годишна сопруга, двајцата од Скопје, биле нападнати од три лица.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

